Здружението за борба против рак “Борка- за секој нов ден” како полноправен член на Европската асоцијација за борба против рак на дебелото црево “Еуропа Колон” го одбележува месец март -Светски месец за превенција од рак на дебелото црево. Во текот на овој месец  се спроведува кампањата  “Не смислувајте изговори” која опфаќа повеќе активности се со цел подигнување на свеста на општата популација за овој тип на карцином. Целта на оваа кампањата е да се едуцираат граѓаните за овој тип на карцином и БЕЗ ИЗГОВОРИ да го закажат прегледот кај своите матични лекари, кои ќе им ги објаснат начините за превенција и навремено откривање на овој тип на карцином.

Како дел од оваа кампања, Ве покануваме на 15 март 2013 год. (петок) во Плеј Кафе во Скопје City Mall, 10 часот и 30 минути, на прес конференција на која  кратки обраќања ќе имаат:

  • Претставник од Министерство за здравство
  • Д-р Шабан Мемети, Директор на  Институтот за јавно здравје
  • Проф Д-р Никола Јанкулковски, Декан на Медицински факултет, Универзитет св.   Кирил и Методиј, Скопје
  • Асс. Д-р Владимир Аврамовски, спец.  по интерна медицина, Клиника за гастроентерохепатологија
  • Милан  Ѓорѓевиќ, сведоштво на пациент кој  го преживеал ракот на дебелото црево

Во последното обраќање, на кратко  ќе биде прикажан едукативен филм снимен од Еуропа Колон, со сведоштва на пациент кој се изборил со овој тип на карцином.

По краткото обраќање на претставниците од институциите, присутните ќе имаат можност да  ја разгледаат  154248_169716856383086_3816842_nМАКЕТАТА на дебело црево  која за прв пат ќе биде поставена во Македонија. Оваа макета ќе биде достапна за сите посетители  од  15-ти до 18-ти март во холот на  Скопје City Mall, на приземје. Целта на оваа макета  е на експлицитен начин  да ја запознае јавноста со ракот на дебелото црево и кои се начините за негова превенција, рано дијагностицирање, како и современ третман.

Под мотото на кампањата “Не смислувајте изговори“, која се спроведува на европско ниво, Здружението Борка- за секој нов ден”, обезбеди печатен едукативен материјал за општата популација, со корисни информации за превенција, рана дијагностика и современ третман на ракот на дебелото црево. Исто така за прв пат се изработи водич за пациенти со метастатски колоректален карцином. Волонтерите од Здружението, ќе ги дистрибуираат едукативните материјали, запознавајќи ја јавноста со овој тип на карцином.