f04c020e08d0ac442a734de28f5987c1

Здружението за борба против рак “Борка-за секој нов ден” за ПРВ пат ќе го одбележи месец мај –Светски месец за подигнување на свеста на населението за меланомот (рак на кожа), кој за жал станува секојдневие на денешницата.

По тој повод, Борка- за секој нов ден заедно со ЈЗУ Универзитетската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија, со поддршка од Македонската Асоцијација на пластични, реконструктивни и естетски хирурзи- МАПРЕХ, ќе организира округла маса на која што ќе се најави подготовката за изработка на НАЦИОНАЛЕН АКЦИОНЕН ПЛАН ЗА ЛЕКУВАЊЕ И ТЕРАПИЈА НА МЕЛАНОМОТ.

Оваа округла маса ќе се одржи на 14.05.2013 година (вторник) во Библиотеката при ЈЗУ Универзитетската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија, со почеток од 12.30 до 13.30 часот, а на која ќе учествуваат експерти од оваа област

По тој повод за прв пат во Македонија е изработен од страна на Здружението и едукативен водич- брошура од 24 страни за превенција, самодетекција и третман на овој вид на карцином која можете да ја преземете тука.

Овој настан во целост е поддржан од претставништвото на Хофман Ла Рош во Македонија.

 

Со почит, тимот на “Борка-за секој нов ден”.