Здружението за борба против рак ”Борка – за секој нов ден” ја спроведува кампањата Розов Караван  – Кампања за подигнување на свеста за ракот на дојка.

Кампањата вклучува  21 едукативно предавање за превенција од ракот на дојка. Шест од нив ќе бидат спроведени во општините на Град Скопје: Центар, Карпош, Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода и Ѓорче Петров. Предавањата се закажани за следните датуми:

  • 18.02.2013- Општина Кисела Вода – Голема Сала во Баракa 7,  18-20 часот
  • 21.02.2013- Општина Аеродром – Наставничка канцеларија во ОУ. Љубен Лапе, 18-20 часот
  • 25.02.2013- Општина Гази Баба- Сала за состаноци, барака 8,  18-20 часот
  • 04.03.2013- Општина Ѓорче Петров- Центар за Култура на Ѓорче Петров,   18-20 часот
  • 06.03.2013- Општина Центар – Сала за седници на совет, барака 6, 18-20 часот

На предавањата свои излагања ќе имаат : г-ѓа Биба Додева, Претседател на Здружението за борба против рак „Борка- за секој нов ден“; др Наде Петановска, радиолог -спец. Радиодијагностичар, Прва приватна општа болница Ре-Медика, Скопјe; д-р Елизабета Бабушку, радиолог-спец.радиодијагностичар, суб.спец по гинеколошка и мама дијагностика, Прва приватна општа болницa Ре-Медика, Скопје; д-р Маја Чапова – Стојчевска, специјалист радиолог, Клиничка болница Систина – Скопје; д-р Игор Пеев, специјалист по општа хирургија, Клиника за пластична и реконструктивна хирургија, Скопје; г-ѓа Радмила Ханџиска, претставник од Медикус Хелп, Скопје.

Во рамките на самите предавања ќе бидат поставени фантом дојки, на кои сите посетители со помош на обучените волонтери ќе можат на експлицитен начин да го научат начинот на извршување на самопрегледот на дојките.

Оваа кампања е од голема важност како за поддршка на веќе заболените пациенти, така и за сите потенцијални пациенти кои треба да ги дознаат основните информации за ракот на дојка, а со тоа да се подигне свеста за ракот на дојка како потенцијално излечива болест, доколку се открие на време.

Сите заинтересирани граѓани може да присуствуваат!

caa0848e-0e93-49fc-9b40-9ee8016c3a9c