Било да е вродена или е последица на операција или радиотерапија – има повеќе причини за појава на лимфедема. Околу 10-20% од пациентите со карцином на дојка развиваат лимфедема на рака, рамо или граден кош во период од шест месеци до две години после третманот.

Се случува лимфниот ситем во аксиларната регија да биде прекинат во текот на третманот на карцином на дојка. Ова значи дека лимфната течност не може повеќе нормално да протекува назад и се акумулира во ткивото. Ова води кон специфичен тип на конгестија (секундарна лимфедема). Во третманот на оваа состојба, после иницијалната деконгестија, компресивната терапија е основна и постигнува одлични резултати. Со цел да се оптимизира успехот во третманот, особено е важно помагалата за лимфедема да бидат изработени од цврст и стабилен материјал. Освен тоа, компресивната облека мора да биде практична и удобна за носење, за да пациентите се чувствуваат среќни и да можат да ги носат секојдневно. Компресивните ракавици денес се модерни и пријатни за носење. Дури и поцврстите материјали гарантираат висок степен на слобода на движењето и даваат убаво чувство.

Ослободување од отокот со примена на Комплексна деконгестивна терапија (CPD)

Мануелна лимфна дренажа
Специјален третман со примена на неколку специјални форми на масажа кои ги применува физиотерапевтот кои го подобруваат враќањето, односно протокот на лимфната течност и ја подобрува деконгестијата.

Хигиена и нега на кожата
Третманот за почнува со детална нега на кожата, за време на која и најмалата гребнатинка или сличен проблем веднаш почнува да се третира. Одржувањето на хигиена и нега на кожата е многу важно. Ова помага да се превенираат повреди и инфекции.

Компресија
Почетната фаза на компресија го поддржува намалувањето на отокот, ја подобрува лимфната дренажа за време на движењето и спречува лимфата да тече назад во афектираните делови на телото. Во следната фаза, кога веќе е постигната оптимална деконгестија, оваа компресија се заменува со компресивни ракавици со праволиниско ткаење. Овие компресивни ракавици можат да бидат изработени и по индивидуални мерки.

Вежби
Ефектот од примена на иницијалната компресија и носење на компресивни ракавици може да се зголеми со специфични вежби. Умерените спортови како нордиско пешачење се посебно погодни за овие состојби. Секако, треба да се избегнува преголем напор. Заедно со здрава исхрана (потребно е намалување на телесната тежина), овие четири чекори и личната мотивација на пациентот се клучни за оптимален резултат на третманот.