Повеќе од 50 цитостатици се во моментов на располагање за лекување на карциноми и многу повеќе се тестираат за нивната способност да ги уништат клетките на ракот. Околу 30% од антиканцер лековите доаѓаат од или се добиени од природни извори. Повеќето цитостатици интерферираат со способноста на клетките да растат или да се размножуваат. Иако овие лекови влијаат на сите клетки во телото, најефективни се против брзорастечките клетки. Клетките на ракот растат побрзо отколку повеќето други телесни клетки. Други клетки кои растат брзо се клетките на коскената срцевина кои произведуваат крвни зрнца, клетките во желудникот и цревата и клетките на фоликулите на косата. Затоа, најчестите несакани ефекти од хемотерапијата се поврзани со нивните ефекти врз другите брзорастечки клетки. Некои туморски клетки се отпорни на лекови, што ги прави уште потешко да се таргетираат.

Алкилирачки агенси

Алкилирачките лекови ги убиваат клетките на ракот со директно напаѓање на ДНК, генетскиот материјал на гените. Со напаѓање на ДНК, лекот ја спречува клетката од формирање на нови клетки. Азотни мустарди, кои биле првите нехормонски хемикалии со антиканцер способности, се всушност алкилирачки лекови. Cyclophosphamide и mechlorethamine се два алкилирачки агенси. Cyclophosphamide, најчестиот алкилирачки агенс, често се користи во комбинација со други лекови за лекување на рак на дојка, лимфоми и други тумори кај децата и возрасните. Mechlorethamine е дел од третманот за Хочкиновата болест.

Лекови кои содржат платина

Лековите кои содржат платина се корисни во лекувањето на голем број на малигни тумори. Примери за овие лекови се cisplatin, carboplatin и oxaliplatin. Cisplatin е повеќе токсичен од другите два и тоа било причина за откривањето на другите два платина лекови, кои се помалку токсични и поефективни. Carboplatin се покажал дека предизвикува помалку гадење и повраќање од cisplatin, и со тоа го замени cisplatin во многу тераписки режими. Нови лекови кои содржат платина се испитуваат.

Aнтиметаболити

Aнтиметаболитите интерферираат со производството на ДНК, клеточниот раст и множење. Тие се користат за лекување на различни типови на рак вклучувајќи рак на дојка, леукемија, лимфом, колоректален карцином, рак на главата и вратот, остеогенетски сарком, хориокарцином (редок рак на матката) и рак на уротелот. Примери на aнтиметаболити се 5-fluorouracil (5-FU), Tegafur – uracil.

Антитуморски антибиотици

Антитуморски антибиотици се направени од природни супстанции како што се габи во земјата. Тие интерферираат со важни клеточни функции, вклучително и производство на ДНК и клеточни протеини. Doxorubicin, daunorubicin, idarubicin, epirubicin и dactinomycin припаѓаат на оваа група на цитостатици.

Топоизомераза инхибитори

Топоизомераза инхибитори се ефикасни во лекувањето на голем број на ракови. Топоизомераза е ензим потребен за репликација на ДНК во клетката.Топоизомераза инхибиторите делуваат на овој ензим со што клетката на крајот умира. Лековите од оваа класа се etoposide и teniposide.

Camptothecin аналози се класифицирани како топоизомераза инхибитори. Специфични лекови се topotecan и irinotecan.

Антрациклини се топоизомераза инхибитори како на пример daunorubicin, doxorubicin, epirubicin и idarubicin. Недостатокот на антрациклините е нивната токсичност за срцето. Поради ова, се прават напори да се развијат синтетски лекови слични на антрациклините. Mitoxantrone и losoxantrone се два примери на синтетски лекови.

Dactinomycin е друг лек кој делува на ДНК на клетката. Тоа е ефикасен лек за лекување на различни типови на рак вклучувајќи Ewing-ов сарком, Wilms-ов тумор, ембрионален рабдомиосарком и гестациски хориокарцином (ретки ракови на матката). Исто така, се користат за лекување на рак на тестисите, лимфом, како и Капошиев сарком.

Антимикротубулни агенси

Микротубулите се важен дел на клетката и се таргет на една цела класа на цитостатици. Винка алкалоидите, кои ги напаѓаат микротубулите на клетката, се наоѓаат во многу мали количини во растението Periwinkle. Три типа на винка алкалоиди се vincristine, vinblastine и vinorelbine. Vincristine почесто се користи во лекувањето на ракови во детството. Тој се користи во комбинирана хемотерапија за лекување на акутна лимфоцитна леукемија и Хочкин и не-Хочкин лимфом, како и други видови на рак. Vinblastine се користи во комбинирана хемотерапија за Капошиев сарком, како и рак на мочниот меур, мозокот и градите. Тој исто така се користи во третманот на напреднатите случаи на лимфом и рак на герминативните клетки.
Taksanite се друга група на антимикротубулни агенси. Тие се дел од растението Тaxus од Пацификот и се прв пат изолирани во 1963 година. Во 1971 година, paclitaxel е пронајден како активна состојка во кората на ова дрво. Paclitaxel покажал ветувачки резултати кај луѓе со рак на јајниците или градите. Тој исто така се користи ка заболените од СИДА кои имаат Капошиев сарком, а во комбинација со cisplatin во третманот на не-ситноклеточен рак на белите дробови. Paclitaxel е исто така дел од хемотерапија кај пациенти со рак на дојка каде што ракот се проширил и на лимфните јазли. Docetaxel се користи за лекување на напреднатите случаи на рак на дојка, како и одредени не-ситноклеточни видови на рак на белите дробови. Estramustine phosphate е поврзан со азотни мустарди. Овој лек делува на микротубулите на клетката и е ефикасен во лекувањето на одредени видови рак на простата.

Хормони

Стероидните хормони го забавуваат растот на некои типови на рак кои зависат од хормони. На пример, tamoxifen се користи за лекување на ракот на дојката чиј раст зависи од хормонот естроген. Покрај тоа, андрогена супресиона терапија се користи во третманот на рак на простата. Целта на оваа терапија е да се намали нивото на машки хормони (андрогени), особено тестостерон, што може да предизвика клетките на ракот на простата да растат. Аналози на ослободувачкиот фактор на лутеинизирачкиот хормон (LHRH) доведуваат до пониски нивоа на тестостерон преку намалување на андрогените произведени од страна на тестисите. Два LHRH aналози достапни во САД во 2001 година се leuprolide acetatе и goserelin acetatе.

Ризици од хемотерапија

Цитостатиците се токсични за клетките на ракот, како и за нормалните клетки. Дозата која ќе ги уништи клетките на ракот веројатно ќе предизвика оштетување и на некои нормални клетки. Лекарите ги прилагодуваат дозите за да се направи колку е можно помала штета на нормалните клетки. Некои пациенти чувствуваат малку или воопшто не чувствуваат несакани ефекти, а други може да имаат повеќе сериозни несакани ефекти. Во некои случаи, прилагодување на дозата е се што е потребно за да се намалат или спречат несаканите ефекти.
Едно лице може да има несакани дејства веднаш или реакцијата може да биде одложена. Несаканите ефекти се класифицирани како што следуваат:
• акутни, се развиваат во рок од 24 часа од третманот
• одложени, се развиваат по 24 часа, но во рок од шест до осум недели од третманот
• краткорочни, комбинацја од акутни и одложени
• доцни / долгорочни, се развиваат месеци или години по третманот или траат подолг временски период
• очекувани, се развиваат кај три четвртини од пациентите
• чести, се јавуваат кај 25-75% од пациентите
• невообичаени / повремени, се јавуваат кај помалку од една четвртина од пациентите
• ретки, се јавуваат кај 5% од пациентите
• многу ретки, се случуваат кај помалку од 1% од пациентите

Одредени цитостатици имаат повеќе несакани ефекти од другите. Пациентите се охрабруваат да разговараат за можноста за несакани ефекти со својот лекар. Тие треба веднаш да побараат медицинска помош доколку се соочат со било какви невообичаени симптоми. Некои од најчестите несакани ефекти се:

Гадење и повраќање / губење на апетитот

Гадење и повраќање се честа појава, но обично може да се контролираат со земање антиеметици – лекови против гадење, пиење доволно течности и избегнување на зачинета храна. Губење на апетитот (анорексија) може да се должи на гадење или стрес поради лекување на ракот. Лекови кои имаат голема веројатност за предизвикување гадење или повраќање се cisplatin, mechlorethamine, streptozotocin, dacarbazine, carmustine и dactinomycin. Оние со умерен потенцијал за поттикнување на гадење вклучуваат cyclophosphamide, doxorubicin, carboplatin, mitomycin, и L-asparaginase. Цитостатици со мали шанси за предизвикување гадење или повраќање се fluorouracil, mеthotrexate, etoposidе, vincristine и bleomycin.

Губење на косата

Некои цитостатици предизвикуваат губење на косата (алопеција), но тоа е речиси секогаш привремено. Растот на косата не може повторно да започне се додека не поминат неколку недели од последниот третман. Ова е најчестото влијанието што хемотерапијата го има на надворешните површини на телото. Кај некои пациенти, облога од мраз, наречен мраз-турбан, може да го намали опаѓањето на косата. Ефикасноста ќе зависи од повеќе фактори како што се видот на лекот, дозата, и распоредот на лекувањето. Овој превентивен третман треба да се избегнува кај пациенти со леукемија, лимфом, mycosis fungoides или од оние со тумори на скалпот.
Пациентите треба да го користат со претпазливост, ако имаат васкулитис, криоглобулинемија или историја на зрачење на главата. Пациентите треба да разговараат со својот лекар за третманот со мраз-турбан пред да го пробаат.

Анемија и замор

Намален број на крвни клетки предизвикан од ефектот на хемотерапијата врз коскена срцевина може да доведе до анемија, инфекции, лесно крварење и модринки. Пациентите со анемија имаат малку црвени крвни зрнца за да пренесуваат кислород и хранливи материи на ткивата на телото. Анемичните пациенти се чувствуваат уморни и слаби. Ако нивото на црвени крвни клетки падне многу ниско, може да се даде трансфузија на крв.

Инфекции

Пациентите кои примаат хемотерапија се со поголема веројатност да добијат инфекција. Ова се случува поради тоа што нивните бели крвни клетки кои се борат со инфекции се намалуваат. Нивото на намалување може да варира во зависност од дозата и распоред на третманот и дали лекот се користи самостојно или во комбинација со други цитостатици. Тоа е важно за пациентите кои примаат хемотерапија за да се избегне инфекција. Кога бројот на бели крвни клетки ќе падне премногу ниско, лекарот може да препише лекови наречени колонија стимулирачки фактори кои им помагаат на белите крвни клетки да растат. Filgrastim и Sargramostim се два колонија стимуланси кои се користат како третмани за да се помогне во борбата против инфекцијата.

Лесно крварење и модринки

Тромбоцитите се крвни клетки кои го прават згрутчувањето на крвта. Кога пациентите немаат доволно тромбоцити, тие можат да крварат или да добиваат модринки многу лесно, дури и од мали повреди. Пациенти со ниски крвни тромбоцити треба да преземат мерки на претпазливост за да се избегнат повреди. Лекови како ацетилсалицилна киселина и други аналгетици може да влијаат на тромбоцитите и да го забават процесот на коагулација.

Рани во устата

Хемотерапијата може да предизвика иритација и сувост во устата и грлото. Воспаление во устата се нарекува стоматитис. Болни ранички кои се формираат може да крварат и да се инфицираат. Мерки на претпазливост за да се избегне овој несакан ефект вклучува давање на стоматолошка заштита пред да започне хемотерапијата, четкање на забите и непцата редовно со мека четка и избегнување на средства за миење на устата кои содржат сол или алкохол. Добра орална хигиена е многу важна. Корисно е за некои пациенти џвакање на парченца мраз половина час за време на хемотерапијата, но ова треба да се разговара со докторот пред да се направи.

Невропатија и други оштетувања на нервниот систем

Пациентите со рак може да развијат невролошки проблеми поради ракот или антиканцер лековите. Различни проблеми може да се развијат, вклучувајќи променета ментална свесност, промени во вкусот и мирисот, грчеви и периферна невропатија (трнење и жарење и / или слабост или вкочанетост во рацете и / или нозете). Различни лекови може да доведат до различни типови на невролошки нарушувања. Пациентите треба да разговараат за невролошките симптоми со лекарот.

Срцево оштетување

Некои антиканцер лекови се штетни за срцето. Во овие случаи, дозата будно се набљудува во обид да се избегне срцево оштетување. Специфични лекови кои можат да бидат токсични за срцето вклучуваат doxorubicin, daunorubicin, високи дози на cyclophosphamide, а во некои случаи, 5-FU. Пациентите кои доживуваат болка во градите или срцеви симптоми треба веднаш да побараат медицинска помош.

Оштетување на бубрезите

Голем број на антиканцер лекови може да ги оштетат бубрезите. Примерите вклучуваат високи дози на methotrexate  или 6 – MP, како и редовни дози на L-asparaginase, cisplatin, mithramycin, streptozocin, и mitomycin C. Некои проблеми со бубрезите може да се намалат со користење на соодветни количини на течности. Следна опасност од оштетување на бубрезите е тоа што помалку функционалните бубрези може да бидат повеќе подложни на понатамошна токсичност предизвикана од други антиканцер лекови кои пациентот ги зема.

Респираторни проблеми

Пациентите со рак кои имале зрачење во градната област се повеќе подложни на респираторни компликации. Nitrosourea или bleomicyn го предизвикуваат најчестиот тип на респираторна токсичност, наречен белодробна фиброза. Пациентите треба да добијат итна медицинска помош, ако имаат потешкотии со дишењето.

Сексуални проблеми

Некои лекови може да доведат до оштетување на сексуалната функција. Алкилирачки агенси и procarbazine може да резултираат со отсуство на сперматозоиди кај мажот и недостатокот на менструација кај жената. На пациентите во герминативна возраст обично им се кажува да се воздржат од зачнување за време на процесот на хемотерапија
поради дефектите кои може да ги предизвика врз фетусот.

Проблеми со видот

Некои антиканцер лекови може да влијаат на видот на едно лице. Високи дози на cyclophosphamide може да предизвикаat заматен вид кај децата, а некои алкилирачки агенси може да предизвикаat катарактa. Tamoxifen може да биде штетен за ретината, а cisplatin може да го оштети оптичкиот нерв. Конјунктивитис, често наречен “розево око“, е излечлив проблем што се јавува со многу антиканцер лекови.