162017

 

Пациент
Сите од нас биле пациенти долго време пред да станат доктори. Пациентот е личност со име, определена возраст и пол, живее на определено место, сам или со други луѓе, има свои надежи, желби, соништа, стравови, подеми, падови и животни задачи кои допрва треба да ги совлада, живее во определено соседство, општество и култура, во определен период од историјата, имајќи за себе одредена слика за сопствената вредност, и при тоа доаѓа кај докторот со одредена загриженост за сопственото здравје. Без разлика дали пациентот го посетува докторот за првпат или после неколку пати, тој има одредени очекувања кои ги носи со себе.

Едно од очкувањата е дека докторот ќе има знаење во врска со здравјето и болеста и може да ја каже разликата помеѓу двете. Иако има пациенти кои се посветени на одржувањето на сопственото здравје и превенцијата од болести, повеќето од нив го посетувааат докторот бидејќи не се чувствуваат добро или имааат чувство дека нешто не е во ред.Второто очекување е дека докторот ќе биде од помош. Да се биде од помош се мисли да се разбере моменталната природа на симптомите, да се има јасен правец на дејствување при испитувањето на проблемот кој лежи во суштината  на нештата, да се има начин на справување со проблемот кој еднаш веќе бил дијагностициран и да се следат овие начини до моментот на некое решение на проблемот. Третото очекување е дека докторот ќе му дозволи на пациентот да учествува во овој процес на дијагноза и третман до максималниот можен степен. Природата на секое од овие очекувања се разликува поединечно кај секој пациент и е под влијание на многу фактори, вклучувајќи ја културната позадина на пациентот, физичката и емоционалната состојба, стилот на личноста, искуствата од детството, поранешните врски со родителите и останатите членови од семејството, како и претходното искуство со болестите и со докторите.

Доктор

Докторот е исто така личност со име, на определена возраст и пол, живее на определено место, сам или со други луѓе, има свои надежи, желби, соништа, стравови, подеми, падови и животни задачи кои допрва треба да ги совлада, живее во определено соседство, општество и култура во определен период од историјата, има слика за сопствената вредност и му приоѓа на пациентот со одреден фонд на информации и вештини во медицинската пракса.

Докторот исто така има свој сопствен личен стил, има претходни развојни искуства во односите со родителите и останатите членови од семејството, докторите и болестите. Меѓутоа, за разлика од пациентот, докторот е задолжен да биде запознаен со овие лични реакции од минатото кои можат да влијаат врз пациентот во сегашноста на кој и да било начин и да може да одржи одредена дистанца од овие реакции. Според тоа, од докторот се очекува да се однесува со почит, професионално, со знаење, да ги набљудува фактите, организира и потоа да ги синтетизира во одредено значење. Изворите на докторот за оваа задача се анамнезата, физикалниот преглед, лабораториските наоди, искуството на колегите, сопственото животно искуство и взаемната соработка со пациентот.

Односот доктор – пациент започнува како двајца луѓе вмешани во заеднички почеток на разговор. При разговарањето на пациентот за неговите грижи и потоа слушајќи внимателно, докторот му покажува на пациентот дека тоа што тој има да го каже е важно и дека пациентот е единствено запознаен со неговата болест. Со слушање со став на целосно внимание, докторот им дозволува на пациентите да ги кажат своите приказни на свој, сопствен начин. Овој процес бара време и внимание  од страна на докторот. Потребното време е секогаш квалитативно но не и задолжително квантитативно.

Физикалниот преглед може да има длабоко влијание во развојот на односот доктор – пациент. Пациентот очекува од докторот да биде комплетен и доверлив во врска со физикалниот преглед. Пациентите не мора задолжително да очекуваат одредени претходни подготовки како на пример, да му се каже кој дел од прегледот предстои, неговата намена, дали ќе биде болен и сл., меѓутоа тие секогаш ќе бидат благодарни на ваквата почит и обѕир од страна на докторот. Многу пациенти ги паметат само ладните раце и ладните инструменти кога ќе ги прашаат за  физикалниот преглед. Други зборуваат за својот срам кога се прегледуваат од главата до петите.

Внатрешно мрморење и гримасите од страна на докторот обично предизвикуваат бунт кај пацинтите, кои може да бидат премногу исплашени или срамежливи да прашаат за значењето на таквите невербални одговори, кои вообичаено се поврзуваат со погрешната слика на постоење на заканувачки фатална болест.

Односот доктор – пациент може да биде засилен и со разговор со пациентот во врска со лабораториските процедури кои треба да се извршат, нивната намена, ризикот (ако го има) и непријатностите за време на вршење на истите (ако ги има). Не може да се очекува пациентите да бидат запознаени со овие различни процедури.

Пример за тоа како добро соработувачки однос може да страда од ненадеен прекин е кога пациентот чувствува дека “сите тие тестови” не се индивидуализирани туку се вршат автоматски и без внимателно објаснување од страна на докторот.

Колку поегзотична и пософистицирана е технологијата, толку поголеми се шансите пациентот да се чувствува помалку важен и збунет. Докторот кој не може да си дозволи време да стои близу пациентот за време на ова искуство може да ризикува во пронаоѓањето на ефективните резултати, притоа крајното влијание на овие тестови може да биде штетно за пациентот, психолошки како и физиолошки. Пациентите не може да бидат обвинети за повлекувањето од средбите со докторите кои ги сметаат за непријатни или вознемирувачки. Доказите дека процедурите се неопходни за доброто на пациентот ја губат смислата, бидејќи изворот на немирот кај пациентот не мора да биде процедурата сама по себе, колку што тоа може да биде околината  или објаснувањето со кое се извршува. Отсуството на човечка топлина за време на овие искуства може да се открие повеќе во реакците на пациентот отколку во очекуваните вредности на тестовите.

Индивидуална е способноста на докторот да ја разбере сопствената посебност која дозволува почит од страна на посебноста на пациентот. Исто така, понатамошна способност на докторот е да ги стави овие разлики една до друга наспроти најчестите човечки искуства и да ја искористи резултирачката мудрост и емпатија, која го прави односот доктор – пациент возможен.

Одржувањето на односот доктор – пациент продолжува со објаснувањето на резултатите од дијагностичките процедури со што пациентот ќе ја разбере природата на проблемот, препишаниот третман и најверојатната прогноза. Ако двајцата, докторот и пациентот соработуваат во овој зафат, двајцата препознавајќи дека се работи за болест на пациентот, а не на докторот и дека се работи за животот на пациентот, а не на докторот, многу неуспешни третмани можат да се избегнат.

Единствената главна причина за ваквите неуспеси лежи во неможноста на докторот целосно да ја цени и континуирано да ги има на ум комплексните потреби и очекувања на пациентот.

Со текот на годините, овој пропуст на примарна важност на заедништвото на односот доктор – пациент провоцира разочарување и гнев кај пациентите и загрижените доктори.

Премногу доктори се сметани за техничари со медицинска стручност кои им пристапуваат на болести и на дијагнози, не на пациенти, не на цели луѓе.

Се нагласуваат три елементи во односот доктор-пациент: 1. одговорноста за грижата за здравјето треба подеднакво да се подели од страна на докторот и пациентот, 2. болеста треба да се редефинира како “ креативна можност “ за пациентот да разбере што довело до изразување на оваа дадена болест во ова определено време и да го модифицира неговиот живот согласно со тоа  и 3. треба попрво да се третира личноста а не болеста уште од моментот на првиот преглед.

 

Основни свесни модели на односот докторпациент

 

1.Моделот на активностпасивност

Тhomas Szasz и Marc Hollender ги опишале трите основни модели на односот доктор – пациент.Првиот модел, активност – пасивност, историски е најстар. Тој не е вистинска интеракција, туку попрво врска, однос во кој активниот доктор му прави нешто на пасивниот реципиент – пациентот.

Ова е модел на многу од достигнувањата на модерната медицина, како што се хирургијата и анестезијата и е најмногу прилагоден за третман на итните случаи во кои пациентот може да е повеќекратно повреден, тешко да крвари, да е во делирантна состојба или коматозен.Прототип на овој модел е односот на родител – дете.

2.Моделот на водењесоработка

Овој модел е во основата на голем дел од модерната медицинска пракса.Ова е интеракција во која пацентот, оптеретен со симптоми како што се оние на акутното воспаление, активно бара помош од докторот, кој му кажува на пациентот што да прави и очекува пациентот да “се покорува“ и да соработува со препорачаниот третман. Од пациентот не се очекува да поставува прашања, да не се согласува или да не го следи медицинскиот совет кој го добил. Со други зборови ова е однос помеѓу личности со нееднаква моќ, а прототип на овој модел е односот родител – дете или родител – адолесцент.

3.Модел на взаемно учество

Ова е модел во кој и двете страни, докторот и пациентот имаат приближно иста моќ во соработувањето или сојузот и во кој и двајцата се стремат кон заедничко согласување во врска со целта. Во овој модел докторот му помага на пациентот да си помогне самиот на себеси. Ова е пригоден модел за речиси сите форми на психотерапија и исто така е неопходен во третманот на повеќето хронични болести, каде што третманот е понесен примарно од пациентот.Овој модел бара покомплексен психолошки развој на двете страни отколку претходните два модели и според тоа прототип на овој модел е односот на возрасен – возрасен.

 Несвесна реакција на пациентот кон докторот:

 Трансфер

Основната несвесна реакција на пациентот кон докторот произлегува од неговото искуство со значајни личности во детството. Доколку пациентите како деца имале доверба и верба во своите родители, тие полесно ќе можат да се препуштат во рацете на докторот со истата доверба и верба. На сличен начин, доколку пациентите имале недоверливи, невнимателни родители, овие искуства ќе се судрат со нивната можност да имаат доверба во дури и најпосветените доктори. Ваквите пациенти може да останат настрана и со сомнеж или може да бидат само индиферентни, но секако не соработливи со докторот. Пациентите кои имале неисполнета потреба за родителска дозвола може да се обидат да го добијат прифаќањето од страна на докторот преку пропуштање или изменување на фактите. Тие ќе прикажат неточна анамнеза, ќе му кажат работи на докторот кои сметаат дека тој сака да ги слушне. Пациентот ќе има поголема потреба да го задоволи докторот отколку да добие соодветен третман и да оздрави.

Односот доктор – пациент идеално треба да биде со взаемно учество на двајца возрасни со одредена цел. Како и да е, некои пациенти ќе го гледаат докторот како сезнаен и семоќен, како што детето ги гледа родителите. Притоа, доколку нешто тргне наопаку во третманот, ваквите пациенти ќе бидат лути на докторот. Тие ќе почувствуваат дека докторот, кој треба да биде способен да се погрижи за се, ги изневерил. Овој феномен на имање несвесни чувства кон докторот базирани на претходните врски во минатото може широко да се дефинира како процес на пренесување, трансфер. Развојот на преносот е олеснет во случаи на физичка болест заради психолошка регресија која непроменета зазема место. Пациентите се враќаат на поранешните начини на психолошко функционирање и оваа регресија го промовира и го зголемува развојот на преносот на чувства и реакции.

Процесот на пренесување е убиквитарен феномен. На пример, наместо пациентот да биде умерено взнемирен од страна на докторот за нешто што вообичаено предизвикува умерена вознемиреност, тој ќе стане бесен на докторот. Друга карактеристика на трансферот е неговото траење. Доколку пациентот реагира со нереална и со несоодветна вознемиреност на работите кои докторот ги прави, оваа реакција обично ќе перзистира без разлика што и да направи докторот. Може да се повтори независно од тоа како ситуацијата ќе се заврши. Понекогаш процесот на трансфер може да се појави уште во моментот на првата посета на докторот, дури и пред првата средба. Како и да започнал, повеќето од пациентите ќе го развијат процесот на трансфер, кој не се базира на свесната реалност за тоа што докторот прави туку попрво на постоењето на несвесните слики од детството.

1. Позитивентрансфер 

Пациентите можат да  имааат некои многу силни позитивни чувства за нивните доктори. Не е невообичаено за пациентите да имаат чувство дека тие го имаат “најдобриот доктор на светот” и дека имаат непроменлива доверба во него. Тие можат да го оформат и да го развијат ова мислење уште пред да го запознаат докторот. Понекогаш пациентите можат дури и да се вљубат во својот доктор. Во вакви услови пациентите го преувеличиле и го идеализирале докторот. Ова може  да доведе до потешкотии во станувањето на докторите подобри во нивната работа, не бидејќи тоа е реалната цел, туку бидејќи пациентите сакаат да го задоволат докторот, исто како што сакале да ги задоволат своите родители во детството. Во вакви случаи многу често пациентите ќе очекуваат докторот да им возврати на воодушевувањето. Тие ќе сакаат да им биде возвратена љубовта, на истиот начин на кој биле или сакале да бидат сакани кога биле деца. Нема подобра мотивација од оваа за пациентот да сака да оздрави, но тука неизбежно е присутна и одредена опасност. На пример, ваков “позитивен” трансфер некогаш може да доведе до пренагласена заводливост или детско однесување од страна на пациентот кон докторот. Во вакви ситуации, пациентот е несвесен дека неговите сексуални чувства кон докторот се базираат на односите во детството. Овие чувства некогаш можат да бидат многу интензивни без разлика што пациентот некогаш има ограничен професионален контакт со докторот. Важно е докторот да го препознае потеклото на овие чувства и да биде претпазлив во поставувањето на личниот однос кој може да ги охрабри нереалните чувства добиени од “позитивниот” трансфер. Во спротивно “позитивните” чувства можат многу брзо да се претворат во “негативни”.<0}

2. Негативентрансфер 

Пациентите можат да развијат интензивен, навредлив бес кон докторот, особено доколку нивните моментални желби и очекувања не се остварени. Во ваков случај пациентот ќе се труди да ја спречува терапијата. Пациентот ќе му се спротивставува на докторот на ист начин на кој детето им се спротивставува на останатите членови од фамилијата. Се разбира дека ова ќе го комплицира медицинскиот третман. На свесно ниво, пациентот може да прави работи кои што се бараат од него, меѓутоа несвесно пациентот може да сака да го фрустрира докторот. Лековите може да не ги зема или препораките во врска со терапјата да не бидат следени. Постои неограничен број на начини на кои пациентот може да му се спротивставува на докторот. Ваков пациент, кој вложува напор во “негативниот” транфер може да биде еден од најтешките проблеми со кои докторот е соочен. Вакво непријателство некогаш може да биде многу суптилно и да предизвика докторот да се чувствува многу непријатно. Ова особено се однесува на младите и неискусни доктори.

Понекогаш единствена карактеристика на докторот може да има огромно емоционално значење за пациентот и може многу да го промени видот на трансфер кој се развива. Ваквите чувства вклучуваат страв, безнадежност и бес и тие ќе го спречуваат медицинскиот третман и способноста на пациентот да соработува со докторот.

Полот на докторот исто така може да биде важен во одредувањето на видот на трансфер кој ќе се развие кај пациентот. Жена – доктор може некогаш многу лесно да ги евоцира поранешните спомени на друга жена во животот на пациентот. Пациентот може да го гледа женскиот доктор како мајка и на тој начин да функционира како безпомошно дете. Машкиот пациент исто така може да ја гледа жената – доктор како застрашувачка жена или како атрактивен сексуален објект. Иако во повеќето случаи пациентот може свесно и реално да ја прифати жената како доктор кој е тука да му помогне, понекогаш може да реагира несвесно на различни начини кои се должат на преносот. Очигледно “татко” – видот на пренос може да биде повеќе очевиден кога се работи за машки доктор. Како и да е, и тука постои силен елемент на дете за кое се грижела мајката.

Возраста на докторот може да биде многу измамувачки фактор во преносот.Младите доктори и студентите често мислат дека ќе бидат сметани за деца на нивните постари пациенти. Кај некој пациенти ова може да бде иницијална реакција, меѓутоа улогата на докторот има премногу емоционално значење за вообичаниот пациент, за ова да биде најважниот фактор во преносот. Исто така, бидејќи физички болните пациенти прават психолошки регрес на одреден начин, често пациентот е тој кој што се чувствува детинест и кој ќе гледа родителски квалитети во своите млади доктори.

 

Несвесна реакција на докторот кон пациентот:

Контратрансфер 

“Контра” во овој случај не значи против, туку спротивната страна. Не се однесува на потребната емпатија која докторот треба да ја чувствува кон пациентот, туку се однесува на конфликтните чувства од детството на докторот. Како што беше случај и со пациентите, така и докторите може да одговорат нереално и ирационално кон своите пациети. Докторот може да најде одредено задоволство да биде сметан за прекрасна, неверојатна, почитувана личност. Многу често овие чувства се резултат на раните желби од детството да се биде сезнаен, магичен и семоќен. Овој начин на размислување постои во одреден степен во фантазиите на сите возрасни, особено кај докторите. 

Иако знаеме дека пациентот ќе гледа на својот доктор како семоќен, постои голема опасност доколку и докторот го мисли истото. Во ваква ситуација пациентот е набљудуван како беспомошно дете и односот е од типот на доктор кој се грижи и е “добар родител”. Очигледно во некои медицински состојби, како што е коматозна или акутна болест на пациентот, ваков вид на однос е неопходен. Меѓутоа во многу ситуации како што се хроничните болести или реконвалесценцијата од акутните болести, пациентот ќе функционира и ќе соработува во оптимален начин кога тој ќе може да учествува како активен и еднаков партнер во третманот, заедно со докторот. 

Друг пример на контратрансфер може да се види во многу честата тенденција од страна на докторот да постави дијагноза на друг доктор колега. Кога докторите третираат колеги тие често тежнеат кон тоа да ја минимализираат болеста, што е многу опасно. Причина за ова е тоа што третираниот доктор се идентификува со пациентот – колега.

Чувство на вина може да се појави како вид на контратрансфер доколку докторот, во соочување со реалната неспсобност да му помогне на пацентот, се чувствува изразено виновен во врска со дадената медицинска ситуација. Прашање, се разбира, е дали докторот направил се што реално било очекувано од него за да му помогне на пациентот. Очигледно, доколку докторот не го направил тоа, тогаш постои причина да чувствува вина.Доколку докторот направил грешка, би било соодветно да има чувство на вина.Меѓутоа доколку чувството на вина е присутно за нешто врз што докторот немал контрола, тогаш вината е неоснована.

Постојат пациенти за кои докторот може да има одредени чувства, не заради тоа што се пациенти, туку заради тоа што го потсетуваат на некого од минатото.

Еден доктор може да се почувствува загрозен или вознемирен со постар пациент, додека друг може да се чувствува премногу привлечен и заштитнички да се однесува кон истиот. И двата вида на чувства може да попречат во соодветниот третман.

Доколку дојде до ова докторот може да посака да го предаде пациентот на свој колега  или да побара консултација со друг колега. Докторите кои што ќе специјализираат психијатрија ќе научат да ги искористат овие чувства на контратрансфер. Без разлика во која специјалност од медицината ќе работат, докторите мораат да сватат дека како што пациентите ќе реагираат несвесно на нив, така и тие ќе реагираат несвесно кон истите.

 Дасебидедоктор 

Докторот мора да знае дека ќе третира луѓе и дека ќе биде вмешан со нив во ситуација која, со надеж, ќе биде терапевтска. Психолошките притисоци и фактори влегуваат во игра и имааат големо значење со речиси секој пациент кој се третира и според тоа нашето справување со луѓето вклучува голем дел на психолошки третман. Каков и да било третман да користиме, би бил многу подобар кога би биле свесни за начинот на кој луѓето функцинираат психолошки и запознаени со најчестите непријатности и загрижености на луѓето. Нашиот третман би бил подобар доколку користиме минимум на итрина и добиваме минимум на нарцистичко задоволство.

Нашиот прв контакт со пациентот е земањето на анамнеза со што го започнуваме актуелниот третман. Исто така при земањето на анамнезата можно е да поставуваме прашања кои му сугерираат на пациентот дека е болен од некоја сериозна болест и ова може да звучи многу застрашувачки за пациентот. Во спротивно, при земањето на анамнезата може да кажуваме и да правиме работи кои ќе создадат атмосфера на доверливост  и самоувереност. Можеме да го потпомагаме чувството кај пациентот дека знаеме и разбираме што се случува со него и според тоа тој е во сигурни раце.

Следнот степен во нашиот однос со пациентот го вклучува физикалниот преглед и тука важат истите принципи, дури и на повисоко ниво.

Пациентот може да го види нашиот израз на лицето и притоа ќе не набљудува со внимание. Пациентот ќе ги набљудува сите наши реакции и ќе прочита многу нешта од нив. Според тоа, не треба да ги покажуваме нашите сомнежи или да ја пренесуваме нашата вознемиреност врз пациентот. Исто така, во третманот на пациентот треба да ги избегнуваме и изведуваме непотребните манипулации и процедури.

Нашиот третман на пациентите вклучува однос со нив уште од моментот кога ќе ги запознаеме, ќе трае со денови, недели, месеци дури и години и во себе ќе вклучува голем број на психолошки феномени. На тој начин, со степенот на знаење со кој имаме одредено почитување и разбирање за човековото психолошко функционирање, можеме истото да го вклучиме во третманот на нашите пациенти. Само на тој начин ќе бидеме доктори во вистинска смисла на зборот.

 Да се биде пациент 

Не треба да не зачудува фактот што поттик за посета на докторот од страна на пациентот често пати е некој стресен настан во семејството или некоја случка која произвела нејасни чувства на нелагодност. Кога се чувствуваат под стрес, многу луѓе стануваат делумно осетливи на сензациите на своето тело и често имаат потреба за објаснување, име, дијагноза  за нивната болка. Интересно е што овој феномен особено ги зафаќа студентите по медицина. Чувствувајќи необјаснива непријатност, многу студенти ги забавува можноста, дури понекогаш и се убедени, дека имаат некоја ужасна болест која ја проучувале.

При посетата на докторот, тој и пациентот “преговараат” за името на проблемот, бараат одговор на тоа “Што не е во ред?”. Дијагнозата исто така го утврдува правото на пациентот на медицинско внимание и помош, ја легитимира улогата на болен со сите свои права, привилегии, извинувања и обврски. Покрај тоа, во ова општество, луѓето мислат дека докторот е тој што треба да им каже што не е во ред со нив.

Иронично е тоа што во поголемиот број, ако не и во сите, средби помеѓу докторите и пациентите, информациите за нефизичките симптоми се сметаат за “неограничени”. Резултат на тоа е проблемот најчесто да се именува како физички се додека драматично не се докаже спротивното.

На тој начин пациентот е присилен да ги игнорира психолошките и социјалните  проблеми и да зборува само за физичките сензации. На овој начин често пати хипохондријазата е “јатрогено предизвикана” со преовладување на медицинските ставови, интереси и приоритети.

Доколку актуелните проблеми на пациентот не се вклопуваат во телесните интереси на докторот, пациентот или мора да научи да ги прикаже одобрените симптоми или да оди на друго место. На тој начин голем дел од пациентите го напуштаат докторот повеќе безнадежни и со поголемо чувство на болка отколку што биле пред да дојдат кај него. Докторите имаат чувство дека нивното време било залудно потрошено и дека мрачното претскажување на скептичниот пациент е потврдено.

Доколку докторот и пациентот неможат да се согласат дури ни за проблемот кој се обидуваат да го решат, испадот и неуспехот на медицинскиот третман е неизбежен.

Научени да се справуваат со заболени органи и системи, да бараат физички знаци и симптоми, потпирајќи се на рентгенските снимки и лабораториските наоди, многу од докторите не се согласуваат со “полесните” докази на емоционални потешкотии.

Ефектот на емоционалниот и социјалниот дистрес на искористувањето на медицинската служба најзабележителен е кај хроничните болни кои покажуваат најмногу скептицизам во врска со користа од медицинската грижа, меѓутоа сепак се воедно и најчести побарувачи на медицинска помош.

Како и да е, интересен е фактот дека голем дел од пациентите на кои им треба психијатриски третман, иницијално прикажуваат физички потешотии.

Како и да е, последиците од селективното невнимание за емоционалните проблеми на пациентот доводуваат до 1. несреќни и фрустрирачки резултати од средбите доктор – пациент, 2. непотребно трошење на времето на докторот и изворите на медицинскиот систем преку ткн. Пациенти – симуланти, 3. поттикнување на пациентите да ги презентираат сите свои проблеми со физички термини, 4. скапи иследувања на лажните докази како и фактот дека актуелната физичка болест може и да се превиди кога пациентите еднаш ќе бидат означени како “симуланти” и 5. притисок врз докторите да најдат физички доказ до таа мера што пациентите се изложени на прекумерни дојагностички иследувања, што со себе носи поголем ризик од развој на јатрогени симптоми.

Терминот “загрижен, а здрав” е резервиран за луѓето кои им “досадуваат” на докторите а при тоа “немаат никаво органско пореметување”. Прво, погрешно имплицира дека луѓето со емоционални проблеми се најверојатно физички здрави и второ, имплицира дека доколку некој е навистина болен, тогаш тој не е загрижен. Најверојатно нема “незагрижени болни”, исто како што најверојатно нема “загрижени а здрави”. Емоционално пореметените луѓе се поранливи физички, а физички болните луѓе се често пати емоционално под стрес.

Многу доктори кои дипломирале неколку декади порано во минатото се наклонети да веруваат дека емоционалните пореметувања “се едноставно во главата на пациентот” и не се нивна грижа. Исто така се вели дека многу од студентите по медицина во првите години на своите студии се повеќе загрижени и повеќе обрнуваат внимание на емоционалните потешкотии на пациентите, отколку кога ќе дипломираат.

Како заклучок може да се каже дека луѓето ги посетуваат докторите бидејќи чувствуваат дека им треба помош. Во основа на таа потреба може да се наоѓа емоционална, социјална или физичка причина, а најчесто е комбинација од истите. Луѓето ги напуштаат докторите или го одбиваат медицинскит совет, бидејќи чувствуваат дека докторот не се труди да ги сослуша и со тоа не ги разбира нив или емоционалните и социјалните стресови што ги имаат, а кои често може да ја поттикнат потрагата за помош.