“Една моја пријателка неодамна зборуваше за нејзиното искуство да биде хоспитализирана поради рак за време на празниците. Таа сподели дека додека вработените се потрудиле да донесат празнична атмосфера на нивните пациенти, таа и нејзиното семејство се чувствувале по малку заборавени од своите пријатели.“ Значи, ако знаете некој кој е пациент за време на божиќните празници, тука се 23 начини како да им помогнете на хоспитализираните пријатели да се чувствуваат сакани, вклучувајќи ги и петте најефикасните начини да подадете рака на некој кој е во болница.

Прво, имајте на ум дека постојат некои работи кои не можат да бидат дозволени во болница, особено ако Вашиот пријател е во било кој тип на изолација. Живи растенија, одредени видови на храна и свеќи со отворен пламен се ограничени во некои единици. Така да, секогаш е добра идеја да се јавите во болница, каде што е Вашиот пријател и да прашате дали Вашите празнични идеи се дозволени.

Еве ги првите 4 најефикасни работи што можете да ги направите за Вашиот хоспитализиран пријател и нивните семејства за време на празниците, плус 19 брзи и лесни начини да се донесе Божиќното расположение и празничната забава.

  1. Поминувајте го времето заедно. Фаворит за повеќето пациенти и нивните семејства е да се имаат оние што ги сакаат во посета. Поминувајте го времето со Вашите сакани, кога тие се во болница. Вашето присуство ќе помогне времето да им поминува побрзо, ќе им ги намали нивните стравови, па дури и може да ја намали нивната болка. Ако можете да ги натерате да се насмеат (и тоа да не е премногу болно) тоа е дури и подобро. Смеата го забрзува процесот на заздравување, го намалува стресот и го подобрува спиењето.
  2. Не заборавајте да бидете добар слушател. Не внесувајте облаци во воздухот со многу од вашите сопствени приказни кога сте покрај нечиј кревет. Повеќето пациенти и нивните семејства многу сакаат да зборуваат за тоа кога тие се во болница. Тоа е цел еден нов свет за повеќето луѓе кои се примени. Луѓето често се чувствуваат подобро, ако тие можат да ги споделат своите искуства за тоа што значи да се биде пациент. Направете контакт со очите со нив додека тие зборуваат, климајте со главата и поставувајте прашања за нивните искуства. Вашиот хоспитализиран пријател ќе се чувствува сакан, ако тој знае дека некој го слуша за тоа низ што се поминал до сега.
  3. Подароци за пациентите. Не заборавајте да му дадете подароци на некој што е во болница кои може да ги користи во моментот. IPad, Bluetooth звучник за мобилен телефон или читач на e-книга е идеален подарок за некој што е во болница. На овој начин тие може да гледаат филмови, да читаат книга во различни фонтови или да ја слушаат својата омилена музика веднаш, кога ќе посакаат.

Исто така, не заборавајте да размислувате за давање на она што го нарекуваме не-толку-многу-во иднина подароци. Запомнете, некои луѓе во болница можат а некои не можат да се опорават. Бидете сигурни да го имате ова на ум кога подарувате. Подароците што зависат премногу за идно користење не се идеални, па дури и може да се обесхрабрувачки за човек кој е болен. Значи, билети за Супер Боул, локална бања или пролетен балет не може да му служи на Вашиот пријател во моментот. Зачувајте ги за подоцна, откако тие ќе се излечат и почнат да излегуваат надвор од куќата и се на добар пат кон закрепнување.

3а. Подароци за семејствата на пациентите. Без разлика дали отсуствуваат од работа за да бидат со своите сакани, плаќаат за сместување или постојано морале да јадат во кафетеријата, луѓето со близок роднина во болница за неколку денови или недели на крајот може да потрошат мало богатство. Еве како можете да подадете рака и да помогнете на нивниот финансиски товар:

– Размислете за купување на 10-билети за паркинг во болницата.

– Платете неколку ноќи во блискиот мотел за да може семејството да се тушира и да се одмори.

– Дајте им подарок ваучери за локалните ресторани кои испорачуваат.

– Подарете ваучери за гориво ако тие патуваат секој ден од и кон дома.

– Останете во посета на пациентот за да можат да се одморат и да направат надополнување на својата сопствена енергија. Негувањето е исто толку тешко како и да се биде пациент.

  1. Помогнете со работите во домот. Ако некој пријател престојува во болницата за време на празниците, тоа е веројатно неочекувано, и тие може да имаат многу нешта оставени незавршени назад дома. Понудете се за справување со овие работи за нив за време на нивниот престој. Изнесете го надвор нивниот отпад, нахранете ги нивните миленици или чувајте ги нивните деца за да го намалат товарот од својот ум. Ако детето е хоспитализирано, многу е веројатно дека неговите родители имаат потреба од ист вид на помош. Родителите на хоспитализирани деца може да имаат потреба од помош со божиќниот шопинг, чистење на домот, подготовката на оброкот или носење на нивните други деца на курсеви, училиште или сезонски забави. Не двоумете се да им понудите ваков тип на специфича помош. Вашата подготвеност да помогнете и да бидете дел од семејството ќе помогне престојот во болница да бисе полесен за Вашиот пријател.

***

Ако сте во можност да помогнете со барем една од горенаведените потреби Вие ќе го намалите товарот на хоспитализација на Вашиот пријател. Некои дополнителни забавни начини да се донесе празнична радост за некој кој е хоспитализиран во текот на празниците се

5. Донесете мини елка со LED сијалички. Популарна и колоритна, оваа идеја може да постави топол и весел тон за речиси секого за време на празниците. Ако живи растенија не се дозволени, обидете се да најдете вештачка замена.

6. Закачете шарени светилки низ собата и на прозорецот.

7. Имајте Божиќен филмски маратон со Вашиот пријател на лаптоп или болнички DVD плеер. Се препорачуваат овие три за почеток: Elf, The Grinch Who Stole Christmas and National Lampoon’s Christmas Vacation.

8. Превземете сезонска или инспиративна музика и чувајте ја на repeat. Музика си има своја магија и често може да излечи работи кои медицината не може.

9. Земете освежувач на воздухот што мириса на јаболко или пита со тиква.

10. Прашајте го Вашиот пријател, дали тој сака да се пресели во соба каде што е лесно да се види огнометот за Нова Година. Ако е така, болничкиот персонал може да биде во можност за да помогне. Потоа, на полноќ, направете здравица со пенливи безалкохолни пијалоци.

11. Домашни грицки како празнични колачи и торти се забавни и познати.

12. Направете постер табла со семејни фотографии прикажани за сите да ги видат.

13. Донесете гурмански оброк од локален ресторан, а потоа послужете го со свеќи (кои работат на батерии).

14. Обезбедете Вашиот пријател да има Skype посета со далечни роднини и пријатели кои не можат да го посетат за време на празниците.

15. Направете домашни сезонски украси за соба. Синџир од хартија со желби и надежи, напишани од семејството и пријателите – тоа е толку охрабрувачки.

16. Споделете празнични приказни за читање на глас со децата кои се хоспитализирани.

17. Обвиткајте ја вратата со шарена хартија и панделки.

18. Направете мал Снешко од глина заедно со помали и поставете го во близина на прозорецот.

19. Друштвени игри во кревет со пуканки и топол пијалок од јаболко често се предизвик за постари деца.

20. Организирајте посета на Дедо Мраз.

21. Закачете празнични картички со лента или предиво низ собата.

22. Ако сте музичар, побарајте од главната медицинска сестра, ако може да ви дозволи посебен мини концерт во ходникот. Свирете празнични омилени песни и посебни желби од своите сакани.

23. Соберете група од Вашите блиски пријатели и пејте божиќни песни во собата на Вашиот пријател и по должината на ходникот. Музиката и насмевките ќе изобилуваат кога Вашиот пријател ќе види дека правите Божиќно караоке во нивно име.

Запомнете, подарокот на Вашето “присуство” е повеќе од доволно со некој кој е болен и хоспитализиран за време на празниците. Држете се до “златното правило” и обидете се да го направите за нив она што би сакале да се направи за Вас, доколку сте на нивно место.

 

http://www.huffingtonpost.com