imagesХемотерапијата е системски (на целото тело) третман на ракот со антиканцерогени лекови (цитостатици).

Цел

Главната цел на хемотерапијата е да се уништат канцерските клетки. Таа може да се користи како примарна форма на терапија или како дополнување на другите третмани. Хемотерапијата се користи за лекување на пациентите со рак што се шири од местото каде што започнал (метастазирал) во останатите делови на телото, но исто така може да се користи за да се спречи ракот повторно да настане (адјувантна терапија) кога ракот претходно е отстранет со хируршка интервенција. Хемотерапијата ги уништува клетките на ракот било каде во телото. Таа дури и ги убива клетките кои се одвоени од главниот тумор и патуваат преку крвта или лимфата во другите делови на телото.
Хемотерапијата може да излечи некои видови на рак. Во некои случаи, таа се користи за да се забави растот на клетките на ракот или да се спречи ширењето на ракот на други делови на телото. Таа е исто така корисна во намалувањето на големината на туморот пред операција (примарна [неоадјувантна] хемотерапија). Хемотерапијата може да ги олесни симптомите на ракот (палијативна), помагајќи им на некои пациенти да имаат подобар квалитет на живот.

symptoms-of-ovarian-cancer Видови на хемотерапија

Хемотерапијата може да се користат како прва линија на третман или може да се започне одкако туморот е отстранет. Различни фактори, вклучувајќи го видот и стадиумот на ракот, ќе го одреди типот на хемотерапијата кој ќе се користи.

Адјувантна хемотерапија

Адјувантната хемотерапија се однесува на давање на пациентите цитостатици откако примарниот тумор е отстранет и нема докази дека ракот останува во телото. Таа била прв пат изучувана во 1950-тите. Оваа форма на третман на почетокот стекнала популарност, бидејќи покажала надеж во подобрување на севкупното преживување кај пациентите со одредени видови на рак. Теоријата е дека адјувантната хемотерапија ќе ги нападне микроскопските клетки на ракот кои останале по отстранување на туморот. Адјувантната хемотерапија може да биде ефективна кај некои видови на рак, вклучувајќи рак на дојка, колоректален карцином, остеогенетски сарком и Wilms – oв тумор. Одговорот на пациентот на адјувантната терапија се одредува со различни фактори, вклучувајќи ја дозата на лекот, распоредот на терапијата и резистентноста кон лекот. Токсичните несакани ефекти и економичноста се исто така важни прашања. Оваа област е во процес на понатамошна истрага.

Примарна (неоадјувантна) хемотерапија

Примарна хемотерапија, исто така, понекогаш наречена неоадјувантна хемотерапија или индукциона хемотерапија, е употреба на цитостатици како главна форма на терапија. Хемотерапијата може да биде примарна терапија кај ракови како што се: некои лимфоми, детски и некои адултни форми на Хоџкиновата болест, Wilms – ов тумор, ембрионален рабдомиосарком и ситноклеточен рак на белите дробови.
Примарната хемотерапија, исто така, може да се користи за лекување на тумори пред операција или зрачење. Во некои случаи, туморот може да биде толку голем што операцијата за негово отстранување ќе ги уништи главните органи или ќе биде доста обезличувачка. Примарната неоадјувантна хемотерапија може да ја намали големината на туморот, со што е можно за хирургот вршење на помалку трауматична операција. Примери на рак во која примарната хемотерапија може да се следи со помалку екстензивна операција вклучуваат: анален рак, ракот на мочниот меур, ракот на дојката, езофагеален рак, ларингеален карцином, остеоген сарком и мекоткивен сарком.
Предноста на примарната хемотерапија е дека крвните садови се непроменети, бидејќи тие не биле изложени на оперативен зафат или зрачење. Затоа, лекот лесно може да патува низ крвотокот кон туморот. Всушност, терапијата може да го подобри протокот на крв на туморот, што го прави повеќе приемчив за влијанието на зрачењето. Покрај тоа, употребата на хемотерапија пред хируршко отстранување на ракот му овозможува на лекарот да го процени одговорот на туморот на лекот (лековите) што се користат. Бидејќи не сите хемотераписки режими се подеднакво ефикасни, знаејќи како дадениот тумор одговара на пропишаниот хемотераписки режим може да биде предност во лекувањето на болеста.
Примарната хемотерапија има и некои недостатоци. Некои клетки на ракот може да бидат отпорни на лекот, со што терапијата е неефикасна (иако откривањето дека лекот е неефикасен го минимизира бројот на циклуси на лекот кој пациентот мора да ги помине). Лекот може значително да не ја намали големината на туморот или туморот може да продолжи да расте и покрај третманот. Исто така, првичната употреба на лекот може да доведе до повисока токсичност кога хемотерапијата се дава подоцна во текот на третманот.
Примарната хемотерапија станува принцип во лекувањето на некои пациенти со одредени видови на рак, како што се одредени видови на лимфоми, некои ситноклеточни ракови на белите дробови, детски ракови, ракови на главата и вратот и локално напреднат рак на дојка. Дополнителни истражувања за користењето на овој вид на хемотерапија е во тек.

Комбинирана хемотерапија

Во повеќето случаи, еден цитостатил не може сам да го излечи ракот. Користењето на два или повеќе лекови заедно често е поефективна алтернатива. Овој пристап се нарекува комбинирана хемотерапија. Научните истражувања на различни комбинации на лекови им помагаат на докторите да дознаат кои комбинации делуваат најдобро за различни видови на рак.
Комбинираната хемотерапија дава поголема шанса за уништување на канцерските клетки. Онкологот одлучува кој хемотерапевтски лек или комбинација на лекови ќе делуваат најдобро за секој пациент. Различни лекови ги напаѓаат клетките на ракот во различни фази на нивниот развоен циклус, правејќи ја комбинацијата посилно оружје против канцерските клетки. Исто така, со користење на комбинација на лекови може да се намалат шансите за резистентност кон лековите.
При изборот на комбинација на лекови, различни фактори се разгледуваат. Важно е за секој лек да биде ефикасен против одреден тумор кој се таргетира. Токсичноста, исто така, мора да се испитува за да се биде сигурен дека секој различен лек кој се користи во комбинација не е токсичен за истиот орган.

Начин на аплицирање на хемотерапијата

Хемотераписките лекови влегуваат во телото на едно лице на различни начини, во зависност од лекот кој се дава и видот на рак. Целта е хемотерапискиот лек да стигне до туморот. Некои делови од телото се помалку достапни за цитостатиците и тоа се зема во предвид кога докторот го утврдува начинот на употреба. На пример, крвномозочната бариера ја дава неможноста на некои антиканцер лекови да патуваат низ крвотокот и да влезат во мозокот или течноста која го опкружува мозокот. Делови од телото кои се недостапни за одреден лек го создаваат феноменот наречен “ефект на светилиште“. Со други зборови, туморот е безбеден, бидејќи хемотерапијата не може да го досегне. За да се надмине проблемот како што е овој, лекарот мора да смета на пат со кој најефикасно ќе се пренесе лекот во канцерските клетки. Хемотерапијата може да се даде со една или повеќе од следниве методи:

Перорално

Орална хемотерапија се дава преку уста во форма на таблети, капсули или течност. Ова е најлесниот начин и обично може да се применува дома.

Инјекционо

Интрамускулна (IM) хемотерапија се инјектира во мускул. Хемотерапијата дадена со интрамускулна инјекција се апсорбира во крвта побавно од интравенска (IV) хемотерапија. Поради ова, ефектите на IM хемотерапија може да траат подолго од хемотерапијата која се дава интравенски. Хемотерапијата исто така може да се инјектира субкутано (SQ или SC), што значи под кожата.

Интравенски

Интравенска (IV) хемотерапија е најчестиот начин за да се внесат цитостатиците во телото на едно лице. Лекот се вбризгува директно во вена. Една мала игла се вметнува во вената на шаката или подлактицата. Хемотерапијата исто така може да биде дадена со катетер или порт вметнат во централна вена или телесна празнина, каде што може да остане за подолг временски период. Портот е мал резервоар или контејнер кој е ставен во вена или под кожата, во област каде што лекот ќе се даде. Овие методи ја елиминираат потребата за повторни инјекции и може да им овозможат на пациентите да потрошат помалку време во болницата додека примаат хемотерапија. Честа локација за траен катетер е надворешната југуларна вена во вратот. Катетри и портови бараат прецизна нега и чистење за да се избегнат компликации, како што се згрутчување на крвта или инфекција. Тие можат да се вметнуваат со помош на хируршка процедура. Хемотерапијата дадена со IV метод може да се администрира интермитентно или постојано. Главните причини за континуиран проток се да се зголеми ефективноста против туморот или да се намали токсичноста. Некои лекови делуваат поефикасно кога се изложени на ракот во текот на еден период на време, со што континуираниот проток го прават повеќе пожелен. Лек кој најчесто се користи за лекување на колоректален карцином во континуирана инфузија е флуороурацил. Лек кој има помалку токсичност за срцето со континуирана инфузија е doxorubicin. Во некои случаи, токсичноста се јавува кога лекот го достигнува највисокото ниво. Континуираната инфузија го спречува лекот од постигнување на ова ниво, а со тоа намалување на шансите за токсични несакани ефекти.

Интраартериски

Туморите бараат снабдување со крв и кислород, за да може да растат. Тие ги добиваат овие есенцијални материи од артериите кои ги снабдуваат органите со крв и кислород. Ставањето на цитостатици во артериите обезбедува добар пристап до канцерскиот тумор. Интраартериската  хемотерапија не е наменета за сите пациенти. Туморот мора да биде ограничен на еден специфичен орган и снабдувањето со крв на туморот мора да биде достапно. Црниот дроб е најчестиот орган таргетиран со овој вид на хемотерапија, иако таа исто така е ефективна и кај одредени мозочни тумори. Нејзината употреба кај карциномите на главата и вратот останува контроверзна. Понатамошната употреба на овој вид на хемотерапија е сеуште под истрага. Катетер се вметнува со користење радиолошки техники или операција. Хируршко вметнување е најчесто користено.
И покрај тоа што е поефтино и помалку стресно, радиолошкото вметнување резултира со катетер кој не може да остане во место се како катетер кој е вметнат хируршки. Радиолошки вметнат катетер останува во место за неколку недели во споредба со хируршки вметнат катетер кој останува во место од неколку недели до повеќе години. На долги стази, хируршки имплантиран артериски катетер има помалку компликации, како што се тромбоза или инфекција и е повеќе прифатлив за пациентот. Радиолошки ставениот катетер на почетокот се вметнува во артерија во раката или ногата на пациентот, а потоа се води до неговата крајна дестинација во близина на туморот, каде што може да остане за подолг период.
Катетерот бара прецизна грижа да биде чист и безбеден на местото, со што се намалува можноста од компликации. Проблемите поврзани со катетери вклучуваат движење на врвот, згрутчување на крвта и инфекции. Пумпи може да се користат за движење на лекот преку артеријата до туморот. Пумпата може да биде надворешно или внатрешно вградена. Димензиите на надворешните пумпи се движат од големи машини кои се наоѓаат во болниците до преносни уреди со големина на паричник. Вградените пумпи им даваат на пациентите поголема слобода и се безбедни и ефикасни. Некои внатрешни пумпи даваат постојан проток на лекот, додека другите се програмирани да ги испорачуваат наизменично дозите. Лекови кои се користат за интраартериска хемотерапија се флоксуридин, флуороурацил, митомицин, цисплатин и стрептомицин. Помалку често, доксорубицин се користи преку артериска хемотерапија за лекување на одредени видови на рак на дојка, мочниот меур, желудникот и други органи.

Интралезионо (во самата промена)

Интралезиона хемотерапија е инјектирање на цитостатици директно во туморот, кој е во кожата, под кожата или во некој орган во телото. Некои примери кои вклучуваат користење на интралезиона хемотерапија се меланом и Капоши сарком. Овој вид на хемотерапија покажува надеж за други малигни заболувања како што се ларингеални ракови, иако понатамошното користење е под истрага.

Интраперитонеално

Интраперитонеална (IP) хемотерапија се спроведува во абдоминалната празнина преку катетер или порт кој е ставен на местото со хируршка интервенција. Ракот на јајникот е понекогаш третиран со IP хемотерапија бидејќи овој тип на рак обично останува во затворен простор. Овој вид на терапија е погоден само за некои пациенти. Пациенти со рак на јајник чии тумори имаат дијаметар поголем од два сантиметри не можат да ја добијат оваа терапија бидејќи цитостатиците не стигнуваат многу далеку во туморот. Исто така, пациентите чии ракови се отпорни на одредени лекови не може да подлежат на IP терапија. Пациентите со помали тумори или оние кои покажуваат одговор на хемотерапијата се подобри кандидати. Лекови кои се користат во IP хемотерапија се цисплатин, paclitaxel, floxuridine, флуороурацил, mitoxantrone, carboplatin, а алфа-интерферон.

Интратекалено

Интратекална хемотерапија е инјектирање на цитостатици во спиналната течност. Овој метод се користи главно во лекувањето на акутна лимфоцитна леукемија. Таа е ефективна во пласирањето на цитостатици директно во цереброспиналната течност што го опкружува ‘рбетниот мозок и мозокот. ’Рбетната дренажа, исто така, наречена лумбална пункција, е постапката која најчесто се користи за да се добие пристап до спиналната течност. Ако многу третмани се потребни, уред наречен Ommaya резервоар може да се искористи. Овој уред се вметнува под скалпот и овозможува инјектирање на цитостатици во текот на спиналната течност преку резервоар. Пациентите можат да се вратат дома со резервоарот. Чести лекови кои се користат интратекално вклучуваат метотрексат и cytarabine, кои се обично дадени од страна на лекар со помош на сестра. Некои пациенти со леукемија добиваат IV третмани во исто време кога имаат интратекален третман.

Топично (локално)

Локална хемотерапија се дава како крем или маст применета директно на ракот. Овој метод е почест во третманот на некои видови на рак на кожата. Еден пример е флуороурацил локален цитостатик.

ovarian-cancerЛокација и распоред на третманот

Пациентите може да ја применуваат хемотерапијата дома, во ординацијата на лекарот или како болнички или амбулантски пациенти во болница. Повеќето пациенти престојуваат во болница на почетокот на хемотерапијата, па нивниот лекар може да провери било какви несакани ефекти и промена на дозата доколку е потребно. Многу важен дел од хемотерапијата е одредување на соодветната доза. За да го направи тоа, лекарот мора да ја разгледа големината на пациентот како и токсичните несакани ефекти на лекот кој може да ги има. Колку често и колку долго хемотерапија ќе се дава е во зависност од видот на ракот, видот на дадениот лек, како пациентите реагираат на лековите, здравјето на пациентите и способноста да се толерира лекот. Администрацијата на хемотерапијата може да трае неколку минути или може да трае толку долго како неколку часа. Хемотерапијата може да се даде дневно, неделно или месечно. Одмор може да следи по секој третман, пред почетокот на следниот курс. Во комбинираната хемотерапија, повеќе од еден лек може да се даде истовремено или тие може да се дадат алтернативно, еден по друг.

Мерки на претпазливост

Постојат многу различни видови на цитостатици. Онколозите, лекарите кои се специјализирани во лекувањето на рак, ќе утврдат кои лекови се најпогодни за секој пациент. Оваа одлука е врз основа на видот на рак, возраста на пациентот и здравјето на пациентот, како и други лекови кои пациентот ги зема. Некои пациенти не треба да се третираат со одредени цитостатици. Возраста и други услови може да
влијаат на лековите со кои едно лице може да се третира. Срцевата болест, бубрежни заболувања и дијабетес се состојби кои можат да го ограничуваат изборот на третман на лекови. Бременоста е друга мерка на претпазливост поради влијанието на антиканцер лековите врз феталниот развој.

Подготовка

Голем број на медицински тестови се вршат пред хемотерапијата да започне. Онкологот ќе утврди колку ракот се шири според резултатите од Х зраците и други тестови, како и од примероци на туморот земени за време на операцијата. Целосната медицинска историја на пациентот ќе биде земена, вклучувајќи ги сите минати хемотерапии. Ќе биде побарано од пациентот да потпише формулар за согласност и ќе му биде објаснето за лековите и постапките кои се вклучени со хемотерапијата. Важно е пациентот да ги разбере и ризиците и придобивките од лекувањето.
Сестрата го објаснува она што ќе се одржи за време на третманот и сите несакани ефекти кои се очекуваат. Во прилог на физичките несакани ефекти, стресот од хемотерапија ќе се дискутира. Пациентите кои се подобро подготвени имаат тенденција да имаат помалку несакани ефекти и поголема емоционална способност да се справат со хемотерапијата.

Крвните тестови му даваат на лекарот важни информации за функцијата на крвните клетки и нивоата на хемикалии во крвта. Комплетна најчесто се прави пред и редовно во текот на лекувањето. Крвната слика го покажува бројот на белите крвни клетки, црвените крвни зрнца и тромбоцитите во крвта. Бидејќи хемотерапијата влијае на коскената срцевина, каде крвни клетки се создаваат, нивото на овие клетки често паѓа за време на хемотерапијата. Белите крвни зрнца и тромбоцитите најмногу ќе бидат погодени од хемотерапијата. Падот на белите крвни клетки значи дека имунолошкиот систем не може да функционира правилно. Ниското ниво на тромбоцити може да предизвика пациентот да крвари лесно од исекотиние или други рани. Ниските црвени крвни клетки може да доведат до анемија (недостаток на црвени крвни клетки) и замор. Понекогаш, на пациентите кои користат цитостатици кои можат да предизвикаат гадење, им се даваат лекови наречени антиеметици пред хемотерапијата да се даде. Антиеметиците се лекови кои помагаат да се намали чувството на гадење. Два антиеметици кои може да се користат се granisetron и ondansetron. Други начини за подготовка за хемотерапија и намалување на гадењето се:
• редовно јадење здрава храна и пиење многу течности.
• јадење и пиење нормално до два часа пред хемотерапијата.
• јадење нискомасна храна која содржи многу јаглени хидрати и избегнување зачинета храна.

Опоравување

За контрола на несаканите дејства после хемотерапијата, пациентите треба да:
• ги почитуваат ги упатствата дадени од страна на лекарот или медицинската сестра.
• ги ​​земат сите пропишани лекови.
• јадат мали количини на блендирана храна.
• пијат многу течности.
• одмораат доволно. На некои пациенти им помага кога дишат чист воздух или прават умерени вежби, како што е правење прошетка.

Резултати

Главната цел на хемотерапијата е да се излечи ракот. Многу видови на рак се излечливи со хемотерапија. Хемотерапијата може да се користи во комбинација со операција за да се задржи ширењето на ракот на други делови на телото. Некои широко распространети, брзорастечки ракови потешко се третираат. Во овие случаи, хемотерапијата може да го забави растот на клетките на ракот.
Лекарите може да кажат дали хемотерапијата има ефект според резултатите на медицинските тестови. Физикалниот преглед, крвните тестови и рентгенските снимки се користат за проверка на ефектите од третманот на ракот. Можни исходи на хемотерапија се:
комплетна ремисија или одговор. Ракот целосно исчезнува за најмалку еден месец. Текот на хемотерапија е завршен и пациентот редовно се тестира за евентуално повторување на ракот.
делумен одговор. Ракот се намалува во големина од најмалку 30-50%, намалување на големината се одржува најмалку еден месец, а нови лезии не се наоѓаат во текот на лекувањето. Истата хемотерапија може да се продолжи или друга комбинација на лекови може да се користи.
мал одговор. Ракот се намалува 1-29%.
стабилизација. Ракот не расте или се намалува. Други тераписки опции може да бидат истражени. Туморот може да остане стабилизиран за многу години.
прогресивна болест. Ракот продолжува да се зголемува во големина од најмалку 25% или нови лезии се забележи. Други тераписки опции може да бидат истражени.
секундарен малигнитет може да се развие од првичниот кој се третира и вториот рак може да има потреба од дополнителна хемотерапија или друг третман.