CDR0000457840

 

Инциденца

 

Инциденцата на карцином на простата во Европската Унија е 78.9/100.000 мажи

годишно, смртноста е 30.6/100.000 мажи годишно.

Простатата е најчест карцином кај мажите во Западна Европа и нордиските земји.

Средната возраст при дијагностицирање е 71 година. Латентниот, супклинички карцином на простата е чест кај мажи постари од 80 години. Само околу 10% од латентните стануваат клинички карциноми.

 

Дијагноза

 

Не е докажано дека раната дијагноза (скрининг) на асимптоматски мажи со одредување на PSA, дигитален ректален преглед и/или ректален ултразвучен преглед го продолжуваат преживувањето.

Серумскиот PSA треба да се одредува кај пациенти со уринарни симптоми. Ако тоталниот серумски PSA е од 0-2 микрограми/л, веројатноста да постои простатичен канцер е 1%. Ако тој е над 10 микрограми/л, веројатноста е над 50%.

Одредувањето на слободен серумски PSA може понатаму да помогне во проценката на ризикот за карцином, особено кога тоталниот PSA е од 4-10 микрограми/л.

Патохистолошката дијагноза треба да се направи според класификацијата на Светската Здравствена Организација (СЗО) и Глисоновата класификација, од материјал добиен од ултразвучно водена биопсија.

 

Одредување на стадиум

 

Рутинското определување на стадиумот на болеста вклучува: одредување на крвна слика, алкална фосфатаза, креатинин и тотален серумски PSA. Клиничката проценка треба да се направи со дигитална ректална палпација на простатата (ректално туше).

Радиолошките испитувања треба да вклучат трансректален ултразвучен преглед

за проценка на големината, формата, жлездената структура и евентуалната капсу-

ларна и/или зафатеност на семиналните везикули, како и рендгенографија на белите дробови.

Зафатеноста на пелвичните лимфни јазли може веродостојно да се процени само

со лапароскопска биопсија или при отворена хирургија, бидејќи не постојат доволно веродостојни радиолошки методи.

Сцинтиграфија на коските треба да се направи ако клинички се сомневаме на коскени метастази, ако туморот е лошо диференциран или PSA е над 10 микрограми/л.

Стадиумот на болеста се определува според TNM систем на класификација.

 stage-of-prostate-cancer (1)

Следење

По куративна радикална простатектомија, серумскиот PSA треба да биде под нивото на детекција по 2 месеци. По куративна екстерна радиотерапија, серумскиот PSA треба да падне на 1 микрограм/л во рок од 16 месеци. Првата посета по радикалниот третман треба да е по три месеци. Покрај PSA, треба да се направи дигитален ректален преглед и да се проверат сите симптоми поврзани со болеста. По ова, се препорачува следење на 1 година. Не може да се даде препорака за времетраењето на третманот од втора линија на асимптоматски пациенти со PSA релапс.