EuropaColon и Борка имаат за цел да спасат животи преку подигање на свеста за КРК, болест која може да се спречи и излечи. Ние можеме да го сториме тоа само ако делуваме заедно!

Многу клинички испитувања покажале дека скрининг програмите можат да го откријат ракот во рана фаза и многу животи можат да бидат спасени. Постојат скрининг програми низ цела Европа за различни видови на рак. Намената на скринингот е да се дијагностицира ракот на почетокот, бидејќи тогаш лекувањето е најефикасно. КРК е различен од другите видови на рак, бидејќи тој може да се спречи целосно ако е откриен рано. За време на колоноскопија, полипите  (полип на дебелото црево е мала грутка од клетки кои се формираат на слузницата на дебелото црево. Иако најголем дел од полипите на дебелото црево се безопасни, со текот на времето некои полипи на дебелото црево може да се развијат во рак на дебелото црево) лесно може да се отстранат, спречувајќи ги да се развијат во рак. Обично треба околу 10 до 15 години за првите абнормални клетки да прераснат во полипи и да се развијат во КРК, заради што редовниот скрининг е критичен и често може да го спречи ракот на дебелото црево .

Возраста таргетирана за скрининг се разликува од земја до земја, некаде помеѓу 50 и 70 години. КРК дијагноза е почеста кај луѓето на возраст над 50 години.

Важно е да се знае дека луѓето со лична или семејна историја на рак на дебелото црево или воспалителни цревни болести треба да започнат со скрининг порано.

За жал, КРК е во пораст кај луѓето под 50-годишна возраст.

Симптомите на КРК се различни и може да вклучуваат:

  • промена во нормалните навики на дебелото црево – пролив или поретки столици кои траат подолго од 4 до 6 недели
  • губење на тежината
  • пониско од нормалното ниво на црвени крвни клетки (анемија)
  • крварење од аналниот отвор (чмарот) или крв во столицата
  • грутка која Вашиот лекар може да ја почувствува во аналниот отвор или абдоменот (почесто на десната страна)
  • чувство на потреба да се оди во тоалет
  • болки во стомакот или анусот.

Овие симптоми можат да бидат предизвикани од страна на други болести кои се помалку сериозни, така што не треба да се грижите ако добиете стомачни болки! Меѓутоа, ако имате било какви сомнежи, или ако симптомите траат подолго од 3 недели, ќе треба да зборувате со Вашиот лекар.

Тимот на EuropaColon и Борка е свесен дека постојат големи разлики во земјите во Европа во дијагнозата, третманот и грижата за КРК. Ова е жално бидејќи знаеме дека преживувањето од рак е клучна мерка за ефикасноста на системите за здравствена заштита. EUROCARE, најголемата кооперативна студија  базирана на преживувањето на населението од рак во Европа, покажала постојани разлики помеѓу земјите за преживување од рак. Познат е фактот дека најголеми проценети стапки на смртност кај двата пола се наоѓаат во Централна и Источна Европа, гледајќи на светот како целина! Во EuropaColon и Борка, ние сме цврсто на гледиштето дека сите пациенти, без оглед на тоа каде живеат, заслужуваат да бидат третирани со навремен и соодветен начин од страна на мултидисциплинарен приод со цел да се добие најдобар стандард на нега!

Интересно, во анкетата спроведена од страна на EuropaColon, пациентите кои биле испитани веруваат дека нивниот лекар не ги охрабрил на доволно дискусија. Тие, исто така, почувствувале дека не им биле дадени релевантни повратни информации.

Но, не плашете се, вие не сте сами! Ве молиме погледнете ја нашата веб страница за повеќе информации во врска со ракот на дебелото црево.