Рак на црниот дроб

Ракот на црниот дроб е рак со висока стапка на смртност. Ракот на црниот дроб може да се класифицира во два вида. Тој е или примарен, кога ракот на црниот дроб почнува во самиот црн дроб или метастатски, кога ракот се шири во црниот дроб од некој друг дел од телото.

Опис и демографија

Примарен рак на црниот дроб
Примарниот рак на црниот дроб е релативно ретка болест во САД, претставувајќи околу 2% од сите малигноми и 4% од новодијагностицирани случаи на рак. Хепатоцелуларниот карцином (HCC) се вбројува во осумте најчести видови на рак во светот. Тој е сепак, многу повеќе застапен надвор од САД. Застапеноста на HCC кај мажите е најмалку два до три пати поголема отколку кај жените.

ВИДОВИ НА ПРИМАРЕН РАК НА ЦРНИОТ ДРОБ. Кај возрасните, повеќето примарни ракови на црниот дроб припаѓаат на еден од двата вида: хепатоми или хепатоцелуларен карцином (HCC), кои почнуваат во самото ткиво на црниот дроб и холангиоми или холангиокарциноми, што претставуваат ракови кои се развиваат во жолчните канали внатре во црниот дроб. Околу 80% до 90% од примарните ракови на црниот дроб се хепатоми.

Два ретки видови на примарниот рак на црниот дроб се мешано-клеточни тумори и саркоми на Купферовите клетки.

Еден тип на примарен рак на црниот дроб, наречен хепатобластом, обично се јавува кај деца помлади од четири години и на возраст помеѓу 12 и 15 години. За разлика од ракот на црниот дроб кај возрасните, хепатобластомите имаат добра шанса за успешно да се третираат. Приближно 70% од децата со хепатобластоми целосно се излекуваат. Ако туморот е откриен рано, стапката на преживување е над 90%.

Метастатски рак на црниот дроб
Втората голема категорија на рак на црниот дроб, метастатски рак на црниот дроб, е околу 20 пати почеста од примарниот рак на црниот дроб. Бидејќи крвта од сите делови на телото мора да помине низ црниот дроб заради филтрација, клетките на ракот од другите органи и ткива полесно можат да дојдат до црниот дроб, каде што можат да се вгнездат и да прераснат во секундарни тумори. Примарниот рак на дебелото црево, желудникот, панкреасот, ректумот, хранопроводот, ракот на белите дробови или на кожата, најверојатно  ќе метастазираат (ќе се прошират) во црниот дроб. Не е невообичаено за метастатскиот рак на црниот дроб да претставува еден од првите забележителни знаци на рак, кој започнал во друг орган. По цирозата на црниот дроб, метастатскиот рак на црниот дроб е најчеста причина за фатални заболувања на црниот дроб.

Причини и симптоми

Фактори на ризик
Точната причина за примарниот рак на црниот дроб се уште не е позната. Кај возрасните, одредени фактори ги ставаат некои поединци во групата на поголем ризик од развој на рак на црниот дроб. Овие фактори вклучуваат:
• машки пол
• возраст над 60 години
• изложеност на супстанци во животната средина кои имаат тенденција да предизвикаат рак (канцерогени). Тука спаѓаат: една супстанца произведена од габа што расте на ориз и кикирики (афлатоксин); ториум диоксид, што беше некогаш користен како контрастна боја за рентгенски снимања на црниот дроб; винил хлорид, што се користи во производството на пластика, пушењето на цигари
• употреба на орални естрогени за контрола на раѓањето
• наследна хемохроматоза. Ова е нарушување кое се карактеризира со ненормално високи нивоа на железо складирано во телото. Тоа често се развива во цироза на црниот дроб
• цироза на црниот дроб. Хепатомите се чини дека се честа компликација на цирозата на црниот дроб. Помеѓу 30% и 70% од пациентите со хепатоми, исто така имаат цироза на црниот дроб. Се проценува дека еден пациент со цироза на црниот дроб има 40 пати поголема можност за развивање на хепатом од едно лице со здрав црн дроб
• изложеност на хепатитис вирусите: Хепатит Б (HBV), Хепатит Ц (HCV), Хепатит Д (HDV) или Хепатит Г (HGV). Се проценува дека 80% од светскиот HCC е поврзан со хронична HBV инфекција. Зголемувањето на HCC инциденцата се смета дека се должи на зголемување на стапките на HBV и HCV инфекција, поради зголемениот сексуален промискуитет и користењето на исти игли при интравенско користење дроги. Поврзаноста на HDV и HGV со HCC е сеуште нејасна.

Симптоми на рак на црниот дроб
Раните симптоми на примарниот, како и на метастатскиот рак на црниот дроб често се нејасни и не се карактеристични за нарушувањата на црниот дроб. Долгиот период помеѓу почетокот на растот на туморот и првите знаци на болеста е главната причината зошто оваа болест има висока стапка на смртност. Во време на дијагнозата, пациентите често се со замор, треска, имаат абдоминална болка и губење на апетитот (анорексија). Тие може да изгледаат ослабени и генерално лошо. Како што туморот се зголемува, се растегнува мембраната околу црниот дроб (капсулата), предизвикувајќи болка во горниот дел на стомакот на десната страна. Болката може да се прошири во грбот и рамото.
Некои пациенти развиваат насобирање на течност, познато како асцит, во абдоминалната празнина. Други може да покажат знаци на крварење во дигестивниот тракт. Покрај тоа, туморот може да ги блокира каналите на црниот дроб или жолчното кесе,
што доведува до жолтица. Кај пациентите со жолтица, белките од очите и кожата може да се пожолтат и урината добива темна боја.

Дијагноза

Физикален преглед
Доколку лекарот се сомнева на рак на црниот дроб, треба да се провери историјата на пациентот за факторите на ризик и да се обрне поголемо внимание на состојбата на абдоменот на пациентот во текот на физичкиот преглед. Маси или грутки во црниот дроб и асцит често може да се почувствува додека пациентот лежи рамно на креветот за испитување. Црниот дроб е обично тешко отечен и кај пациенти со рак на црниот дроб, може да биде болен кога докторот притиска на него. Во некои случаи, слезената на пациентот е исто така зголемена. Лекарот може да биде во можност да слушне абнормален звук (шум) или триење ако тој користи стетоскоп за да ги слушне крвните садови кои се наоѓаат во близината на црниот дроб. Шумот е предизвикан од притисокот на туморот врз крвните садови.

Лабораториски тестови
Помеѓу 50% и 75% од пациентите со примарен рак на црниот дроб имаат абнормално високи серумските нивоа на одреден протеин (алфа-фетопротеин или AFP) во крвта. Тестот за AFP, сепак не може да се користи сам по себе за да се потврди дијагнозата на рак на црниот дроб, бидејќи цирозата или хроничниот хепатит, исто така, може да произведат високи нивоа на алфа-фетопротеин. Тестови за алкална фосфатаза, билирубин, млечна дехидрогеназа и други хемикалии, укажуваат на тоа дека црниот дроб не функционира нормално.

Околу 75% од пациентите со рак на црниот дроб покажуваат знаци за хепатитис инфекција. Повторно, абнормалните функционални тестови на црниот дроб не се специфични за ракот на црниот дроб.

Imaging испитувања
Imaging испитувања се корисни за лоцирање на специфични области на абнормално ткиво во црниот дроб. Тумори на црниот дроб мали колку лешник сега може да се откријат со ултразвук или компјутеризирана томографија (КТ скен). Imaging испитувањата, сепак не можат да направат разлика помеѓу хепатом и други абнормални маси или грутки на ткивото (јазли) во црниот дроб.

Примерок од ткивото на црниот дроб, односно биопсија, е потребно за да се направи дефинитивна дијагноза на примарниот рак на црниот дроб. CT или ултразвук може да се користат за насочување на лекарот во изборот на најдобрата локација за добивање примерок за биопсија.

Рентгенска снимка на градниот кош може да се користи за да се види дали туморот во црниот дроб е примарен или метастазирал од примарен тумор во белите дробови.

Биопсија на црниот дроб
Биопсија на црниот дроб се користи за да се обезбеди дефинитивна дијагноза на рак на црниот дроб. Еден примерок од црниот дроб или ткивна течност се отстранува со тенка игла и се проверува под микроскоп за присуство на канцерски клетки. Кај околу 70% од случаите, биопсијата е позитивна на рак. Во повеќето случаи, постои мал ризик за пациентот заради самата постапка на биопсија. Кај околу 0,4% од случаите, пациентот развива фатални крварења од биопсијата, бидејќи некои тумори се снабдуваат со голем број на крвни садови и крвавењето е многу лесно.

Лапароскопија
Лекарот, исто така, можат да изврши лапароскопија за да му помогне во поставувањето на дијагнозата на рак на црниот дроб. Прво, лекарот прави мало засечување во стомакот на пациентот и внесува мала, осветлена цевка наречена лапароскоп за да ја види областа. Мало парче ткиво на црниот дроб се отстранува и се испитува под микроскоп за присуство на канцерски клетки.

Рак на црниот дробТретман
Третманот на ракот на црниот дроб се базира на неколку фактори, вклучувајќи го и видот на ракот (примарен или метастатски); стадиумот (почетен или напреднат); локацијата на другите примарни видови на рак или метастази во телото на пациентот; возраста на пациентот; други коегзистирачки болести, вклучувајќи ги и цирозата на црниот дроб.
 За голем број пациенти, третманот на ракот на црниот дроб е првенствено наменет за ублажување на болката предизвикана од ракот, но не може да го излекува.

Хирургија
Само неколку видови на рак на црниот дроб кај возрасните може да се излечат со хируршка интервенција, бидејќи тие се обично премногу напреднати во времето кога се откриени. Ако ракот се содржи во еден лобус на црниот дроб и ако пациентот нема цироза на црниот дроб, жолтица или асцит, хирургијата е најдобрата опција за третман. Пациенти кај кои може целиот тумор да биде отстранет имаат најголеми шанси за опреживување. За жал, само околу 5% од пациентите со метастатски рак (од примарни тумори во дебелото црево или ректумот) спаѓаат во оваа група. Ако целиот видлив тумор биде отстранет, околу 25% од пациентите ќе бидат излечени. Операцијата која се изведува се вика парцијална хепатектомија или делумно отстранување на црниот дроб. Хирургот ќе ги отстрани целиот лобус на црниот дроб (лобектомија) или ќе ја отсече областа околу туморот (клинеста ресекција).

Хемотерапијата
Некои пациенти со метастатски рак на црниот дроб може да имаат продолжување на нивните животи за неколку месеци со помош на хемотерапија, иако излекувањето не е можно. Ако туморот не може да се отстрани со хируршка интервенција, цевка (катетер) може да се стави во главната артерија на црниот дроб и може да се инсталира имплантибилна инфузиона пумпа. Пумпата овозможува многу повисоки концентрации на цитостатикот да се спроведат во туморот отколку што е можно со хемотерапија дадена преку крвотокот. Лекот кој се користи за терапија со инфузиона пумпа обично е floxuridine (FUDR), даден во 14-дневен период неизменично со 14-дневна пауза. Системската хемотерапија исто така може да се користи за лекување на ракот на црниот дроб. Лекови кои обично се користат се 5–fluorouracil или methotrexate. Системска хемотерапија сепак, значително не влијае на продолжувањето на времето на преживување на пациентот.

Терапија со зрачење
Употребата на радиотерапија кај ракот на црниот дроб се користи само за краткорочно ослободување од некои од симптомите. Ракот на црниот дроб не е осетлив на зрачење и радиотерапијата нема да го продолжи животот на пациентот.

Трансплантација на црн дроб
Отстранување на целиот црн дроб (тотална хепатектомија) и трансплантација на црниот дроб може да се користат за лекување на рак на црниот дроб. Сепак, постои висок ризик од повторување на туморот и метастази по трансплантацијата.

Други терапии
• емболизација на хепаталната артерија со хемотерапија (хемоемболизација)
• алкохолна аблација преку ултразвук-водена перкутана инјекција
• ултразвук-водена криоаблација.
• имунотерапија со моноклонални антитела тагирани со цитотоксични агенси
• генска терапија со ретровирусни вектори кои содржат гени кои експресираат цитотоксични агенси.

Прогнозата
Ракот на црниот дроб има многу лоша прогноза поради тоа што често не се дијагностицира додека не метастазирал. Помалку од 10% од пациентите преживуваат три години по првичната дијагноза; целокупната петгодишна стапка на преживување кај пациенти со хепатоми е околу 4%. Повеќето пациенти со примарен рак на црниот дроб умираат во рок од неколку месеци од поставување на дијагнозата. Пациентите со рак на црниот дроб кој метастазирал од ракот на дебелото црево живеат малку подолго од оние чиј рак се проширил од ракот во желудникот или панкреасот.

Превенција
Не постојат корисни стратегии во моментов за спречување на метастатскиот рак на црниот дроб. Примарниот рак на црниот дроб, сепак во 75% до 80% можат да бидат спречени. Сегашните стратегии се фокусираат на масовно вакцинирање за Хепатит Б, ран третман на наследната хемохроматоза (метаболно растројство) и скрининг на високо ризични пациенти со алфа-фетопротеин тестирање и ултразвучни прегледи. Начин на живот кој може да се менува со цел да се спречи рак на црниот дроб вклучува избегнување на изложеност на токсични хемикалии и габи од храната кои произведуваат афлатоксин.
Најбитно е сепак, избегнување на алкохол и дрога. Злоупотребата на алкохол е одговорна за 60% до 75% од случаите на цироза на црниот дроб, кој е главен фактор на ризик за евентуален развој на примарниот рак на црниот дроб. Хепатитот е распространета болест меѓу интравенските корисници на дрога.