20130-custom-ribbon-magnet-sticker-Prostate+Cancer+Awareness

Ракот на простатата е малигнитет на една од најголемите машки полови жлезди. Простатата е со големина на орев и се наоѓа веднаш зад мочниот меур. Туморот во простатата интерферира со соодветната контрола на мочниот меур и нормалната сексуална функција. Често првиот симптом на рак на простата е тешкотија во мокрењето. Сепак, затоа што многу честа неканцерогена состојба на простатата, позната како бенигна простатична хиперплазија (BPH), исто така, го предизвикува истиот проблем, тешкотјата при мокрењето не е нужнa последица на рак. Канцерогените клетки во простатата обично не се смртоносни сами по себе. Сепак, како што туморот расте, некои од клетките се откинуваат и се шират во другите делови на телото преку лимфата или крвта, процес познат како метастазирање. Најчестите локации за метастази на ракот на простата се семените везикули, лимфните јазли, белите дробови и коските околу пределот на колковите и карлицата. Ефектите од овие нови тумори се она што може да предизвика смрт. Почнувајќи од раните 2000-ти, ракот на простата е најчесто дијагностицирано малигно заболување кај возрасни мажи во западните земји. Иако ракот на простатата често многу бавно расте, може да биде агресивен, посебно кај помладите мажи. Со оглед на неговиот бавен раст, многу мажи со ова заболување умираат од други причини отколку од самиот рак.

Причини и симптоми

Точната причина за ракот на простата не е позната до почетокот на 2000-те години. Сепак, постојат неколку познати фактори на ризик за болеста, вклучувајќи возраст над 55 години, афроамериканци, фамилијарна историја на болеста, професионална изложеност на кадмиум или гума и масна исхрана. Мажите со високо плазма ниво на тестостерон, исто така, можат да имаат зголемен ризик за развој на рак на простата. Најчесто, ракот на простатата нема симптоми и болеста се дијагностицира кога пациентот оди на рутински скрининг преглед. Сепак, кога туморот е голем или ракот се проширил на околните ткива, следниве симптоми може да се видат:
– слаб или прекинат проток на урина
– често мокрење (особено навечер)
– тешкотии со започнување на мокрење
– неможност за мокрење
– болка или чувство на печење при мокрење
– крв во урината
– постојана болка во долниот дел на грбот, колковите или бутовите (болки во коските)
– болна ејакулација

Дијагноза

Ракот на простатата е излечлив кога е откриен рано. Сепак, во раните фази ракот на простата е често асимптоматски, па болеста често тече неоткриена се додека пациентот не направи рутински лекарски преглед. Дијагнозата на ракот на простатата може да се направи со користење на некои од следните тестови.

Дигитален ректален преглед (DRE)

Со цел да се изврши овој тест, докторот става подмачкан прст со ракавица во ректумот на пациентот за да се почувствуваат евентуални грутки во простатата. Ректумот се наоѓа веднаш зад простатата и поголемиот дел од туморите на простатата започнуваат во задниот регионот на простатата. Ако лекарот детектира абнормалност, тој може да направи дополнителни тестови со цел да се потврдат овие наоди.

Крвни тестови

Крвни тестови се користат за мерење на одредени количини на протеин маркери, како што е простата специфичниот антиген (ПСА), кои циркулираат во крвта. Клетките кои ја обложуваат простатата главно го создаваат овој протеин и мало количество може да се открие нормално во крвта. Спротивно на тоа, ракот на простата произведува многу од овој протеин, што претставува значително зголемување на циркулирачките нивоа. Наод на ниво на ПСА поголемо од нормалното за возрасната група на пациентот укажува на тоа дека ракот е присутен.

Трансректален ултразвук

Една мала сонда се внесува во аналниот отвор и звучните бранови се одбиваат од ткивото на простатата со што се креира слика. Ткивото на нормалната простата и ткивото на туморот на простатата различно ги одбиваат звучните бранови, со што тестот е ефикасен и претцизен начин за откривање на тумори. Иако вметнувањето на сондата во ректумот може да биде малку непријатно, постапката е генерално безболна и се потребни само 20 минути.

Биопсија на простата

Ако се сомнева на рак од резултатите на кој било од горенаведените тестови, докторот ќе отстрани еден мал дел од ткивото на простатата со помош на шуплива игла. Овој примерок се проверува под микроскоп за присуство на канцерогени клетки. Биопсија на простата е најдефинитивна дијагностичка постапка за рак на простата. Ракот на простатата, исто така, може да се дијагностицира врз основа на испитување на ткивото отстрането за време на трансуретрална ресекција на простатата (TURP). Оваа процедура се изведува за ублажување на симптомите на бенигната простатична хиперплазија (BPH). Како и биопсијата, ова е дефинитивна дијагностичка метода за ракот на простатата.

Рентгенски снимања и imaging техники

Рентгенска снимка на градниот кош може да се направи за да се утврди дали ракот се проширил на белите дробови. Imaging техниките (како што е компјутеризираната томографија (КТ) и магнетната резонанца (МРИ)), каде компјутерот се користи за генерирање на детална слика на простатата и околните области, може да се направат за да се добие јасна слика за внатрешните органи. Коскениот скен може да се користи за да се провери дали ракот се проширил до коските.

Градирање на туморот (одредување туморски градус)

Првично, патологот ќе го градира туморот врз основа на неговото испитување на биоптичното ткиво. Патологот го оценува примерокот од биопсијата со користење на Gleason системот. Овој систем користи скала од 1-5 врз основа на сличноста или различноста на примерокот со нормалното ткиво на простатата. Ако ткивото е многу слично на нормалното и се уште е добро диференцирано се дава низок градус, како што е еден или два. Како ткивото станува се повеќе и повеќе абнормално (помалку и помалку диференцирано), градирањето се зголемува, се до пет. Помалку диференцирани ткива се сметаат за агресивни и со поголема веројатност да бидат извор на метастази.
Градирањето според Gleason системот е најдобар начин за предвидување на прогнозата за пациентот. Највисока оцена на располагање е 10, со чист модел на високо недиференцирано ткиво, што одговара на градус пет. Колку е повисок градусот, толку повеќе абнормално се однесува ткивото и поголема е шансата за метастази, а посериозна прогнозата по хируршкиот третман. Една студија покажа дека стапката на десет годишно преживување од ракот без докази за болест со градус два, три и четири изнесува 94% од пациентите. Стапката е 91% за градус пет, 78% за градус шест, 46% за градус седум и 23% за градус осум, девет и десет на ракот.

Стејџирање на туморот

Вториот нумерички резултат кој го одредува докторот е стадиумот на ракот, кој го зема во предвид градусот на туморот утврден од страна на патологот. Врз основа на препораките на American Joint Committee on Cancer (AJCC), два вида на податоци се користат за одредување на стадиумот на ракот на простата. Клиничките податоци се базираат врз основа на надворешните симптоми на ракот, додека хистопатолошките податоци се базирани на хируршкото отстранување на простатата и испитување на ткивото. Клиничките податоци се најкорисни за да се направи одлука за третман, додека патолошките податоци се најдобар индикатор за прогнозата. Поради оваа причина, стејџирањето на ракот на простата ги зема во предвид и клиничките и хистопатолошките информации. Поточно, лекарите ја оценуваат големината на туморот (Т), лимфните јазли (N), присуството на висцерална (внатрешни органи) зафатеност (метастази = М) и градусот на туморот (G).
Градусот на туморот (G) се проценува за време на биопсија, TURP операцијата или по отстранувањето на простатата. Постојат три признаени градуси: G1, G2 и G3, укажувајќи на добро, средно или лошо диференциран тумор, соодветно.

Третман

Лекарот и пациентот ќе одлучат за начинот на третман по разгледувањето на многу фактори. На пример, возраста на пациентот, стадиумот на болеста, неговата општа здравствена состојба и присуството на коегзистирачки болести треба да се разгледуваат посебно. Покрај тоа, личните преференци на пациентот, ризиците и придобивките од секој протокол за третман, исто така се земаат во предвид пред да се донесе одлука.

Хирургија

За стадиум I и II на рак на простата, операцијата е најчест метод на лекување поради тоа што теоретски нуди можност за целосно отстранување на ракот од телото. Радикална простатектомија подразбира комплетно отстранување на простатата. Операцијата може да се направи со користење на перинеален пристап, каде што засекот е меѓу скротумот и анусот или со користење на ретропубичен пристап, каде што засекот е во долниот дел на стомакот. Перинеалниот пристап е исто така познат како простатектомија со заштеда на нервите, што подразбира намалување на ефектот врз нервите, а со тоа и намалување на несаканите ефекти од импотенција и инконтиненција. Сепак, ретропубичниот пристап овозможува симултано отстранување на карличните лимфни јазли, кои можат да дадат важни патолошки информации за ширењето на туморот.
Дури и со користење на техника со заштеда на нервите, студиите водени од National Cancer Institute (NCI) откриле дека 60-80% од мажите третираат со радикална простатектомија се пријавиле себеси како импотентни (не можеле да постигнат ерекција доволна за сексуален однос) две години по операцијата. Овој несакан ефект може да биде надминат со пропишување на силденафил цитрат. Понатаму, 8% до 10% од пациентите биле инконтинентни во тој временски период. Исто така, постојат докази дека вештината и искуството на хирургот се централни фактори во крајните несакани ефекти.

Вториот метод на хируршки третман на рак на простата е криохирургија. Водени од ултразвук, хирурзите вметнуваат до осум криопроби преку кожата во непосредна близина со туморот. Течен азот се дистрибуира преку сонда за замрзнување на туморското ткиво, а цевка за затоплување се користи за превенција на уретрата од замрзнување. Пациентите моментално поминуваат еден или два дена во болница по операцијата, но тоа може да биде амбулантска процедура во блиска иднина. Време за опоравување обично е една недела. Несаканите ефекти се намалени во последните години, иако импотенцијата уште ги погодува скоро сите кои имале криохирургија за рак на простата. Криохирургијата се смета за добра алтернатива за оние кои се премногу стари или болни да имаат традиционална операција или третмани со зрачење или кога повеќе традиционални третмани се неуспешни. Постои ограничена количина на информации за долгорочната ефикасност на овој третман за рак на простата.

Терапија со зрачење

Радијационата терапија вклучува користење на високоенергетски X зраци за да ги убие канцерските клетки или да го намали туморот. Таа може да се користи наместо операција за стадиум I и II на ракот. Зрачењето може да биде администрирано од машина надвор од телото (надворешно зрачење) или мали радиоактивни пелети може да бидат вграден во простатата во околината на туморот, наречено брахитерапија или интерстицијална имплантација. Пелетите содржат радиоактивен јод (I-125), паладиум (Pd 103) или иридиум (Ir 192) може да бидат вградени амбулантски, каде што остануваат трајно. Радиоактивниот ефект на имплатантите трае само околу една година. Несаканите ефекти на радијацијата може да вклучуваат воспаление на мочниот меур, дебелото и тенкото црево, како и нарушувања на згрутчување на крвта (коагулопатии). Импотенција и инконтиненција најчесто се одложени несакани ефекти од терапијата. Една студија покажа дека проблемите со контролата на дебелото црево се поверојатни после радиотерапијата во споредба со хирургија, додека, импотенциајта и инконтиненцијата се поверојатни после хируршкиот третман. Долгорочните резултати од радиотерапија зависат од стадиумот на ракот. Ревизија на речиси 1000 пациенти третирани со мегаволтажно зрачење покажало дека десет годишното преживување е во зависност од Т-стадиумот: T1 (79%), T2 (66%), Т3 (55%) и Т4 (22%). Не се појавува голема разлика во преживувањето помеѓу надворешното или интерстицијалното зрачење.

Хормонска терапија

Хормонската терапија најчесто се користи кога ракот е во напредна фаза и се проширил на други делови од телото, како што се стадиум III или IV. На клетките на ракот на простата им треба машки хормон тестостерон за да растат. Намалувањето на нивото на овој хормон или инхибиција на неговата активност ќе предизвика ракот да се намалува. Количеството на хормонот може да биде намалено на неколку начини. Орхиектомија е хируршка процедура која вклучува целосно отстранување на тестисите, што доведува до намалување на нивото на тестостерон. Друг метод е администрирање на женски хормон естроген. Кога се дава естроген, телото го чувствува присуството на женскиот полов хормон и го запира создавањето на машкиот хормон тестостерон. Сепак, постојат некои непријатни несакани ефекти од хормонската терапија. Мажите може да имаат ”топли бранови,”, зголемување и чувствителност на градите или немоќ и губење на сексуалната желба, како и крвни згрутчувања, срцев удар или мозочни удари, во зависност од дозата на естрогенот. Друг несакан ефект е остеопорозата или губење на коскената маса што доведува до лесно кршливи коски и фрактура на коските.

Будно чекање

Будното чекање значи дека не е препорачливо веднаш да се делува, туку докторите го задржуваат пациентот на внимателно набљудување. Ова често се прави со користење периодични PSA тестови. Оваа опција генерално се користи кај постари пациенти кога туморот не е многу агресивен и пациентите имаат и други болести поопасни за животот. Ракот на простата кај постарите мажи се стреми бавно да расте. Затоа, ризикот пациентот да умре од рак на простата, а не од други причини, е релативно мал. Третманите за ракот на простата, кои сеуште се студираат од почетокот на 2000 година вклучуваат оцена на комбинација на терапии, како постоперативно зрачење, употребата на цитотоксични агенси и хормонски третман со користење на агонисти на ослободувачкиот фактор на лутеинизирачкиот хормон (LHRH) и / или антиандрогени за забавување на растот на хормон – зависните тумори. Други лекови кои се тестираат од 2003 година се хемопротективните агенси како amifostine, кои се даваат на пациентите со рак на простатата за да се спротистават на штетните несакани ефекти од терапијата со зрачење.

Очекувани резултати

Според American Cancer Society, стапката на преживување во сите фази на рак на простата комбинирано се зголемила од 50% на 87% помеѓу 1975 и 2005 година. Поради раната детекција и подобрите скрининг методи, речиси 60% од туморите се дијагностицираат додека се уште се ограничени на простатата. Петгодишното преживување за ракот во рана фаза е речиси 99%. 63% од пациентите преживуваат 10 години, а 51% преживуваат 15 години по првичната дијагноза.

Превенција

Поради тоа што причината за ракот не е позната, не постои дефинитивен начин да се спречи ракот на простата. Сепак, American Cancer Society препорачува дека сите мажи над 40- годишна возраст треба да прават годишен ректален преглед и да прават годишен PSA тест со почеток во 50-годишна возраст. Оние кои имаат повисок просечен ризик, вклучувајќи Афроамериканци и мажи со фамилијарна историја на рак на простата, би требало да почнат со годишно PSA тестирање дури и порано, на 45 години. Некои истражувања покажале дека исхраната богата со масти го зголемува ризикот од рак на простата. Исхрана богата со овошје и зеленчук може да го намали ризикот. Студиите исто така, укажуваат на тоа дека хранливи материи како што се изофлавоноидите од сојата, витаминот Е, селенот, витаминот Д и каротеноидите (вклучувајќи ликопен, кој ја дава црвената боја на доматите и цвеклото) може да го намалат ризикот за рак на простата. Научниците, исто така, бараат начини да се запре ракот на простата да се повторува кај мажите кои веќе се третирани од оваа болест. Овие пристапи користат лекови, како што се finasteride, flutamide, nilutamide, и LH-RH агонисти, кои манипулираат со хормоните.