Петра Томас – Германија

СЕ РАЗБИРА, ЕВРОПСКИТЕ ДРЖАВИ СЕ РАЗЛИКУВААТ. А така и би требало, особено заради тоа што е привилегија да се искусат различните култури и навики на живеење во Европа.

Но кога станува збор за здравствените услуги, зарем не треба сите да бидеме третирани на ист начин? Дали болката на Романецот не е истата болка што ја чувствува и Германецот? Кој одлучува дека Холанѓанецот заболен од колоректален рак треба да преживее подолго од Македонецот кој боледува од истата болест во истиот стадиум?

Без сомнение, трошоците за здравствената услуга се единствената разлика во одговорт на овие прашања.

Време е да разбереме дека ова не е случај кога станува збор за колоректалниот канцер! Одговорот е едноставен, јасен и многу поевтин од било кој третман: ПРЕВЕНЦИЈА!

Едуцирајте се и ширете ги информациите и поканите за превентивните медицински прегледи – скрининзи. Социјалните мрежи денес се бесплатни – па зошто да не го искористиме нивниот максимален капацитет?

Разменувајќи ги нашите интернационални знаења можеме да ги идентифицираме најдобрите начини за допирање до луѓето пред тие да станат „скапи“ пациенти. Копирањето на идеи кои веќе се докажале како ефикасни – е сосема бесплатно!

ОБЕДИНЕТИ ВО БОРБАТА ПРОТИВ КОЛОРЕКТАЛНИОТ КАНЦЕР