Антони Роси – Малта

ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ ми беше дијагностициран рак на дебелото црево, детектиран во рана фаза и со успешен оперативен третман. Јас сега сум слободен од ракот. За ова мора да се заблагодарам на Националната здравствена превентивна-скрининг програма во Малта и на мојот пријател кој инсистираше дека треба да го направам тестот. Јас се сложив и го направив скининг тестот.

По резултатот следеше колоноскопија која индицираше дека јас имам рак на дебелото црево. Јас имав позитивни мисли и став пред операцијата и тоа ми помогна храбро да му се спротиставам на ракот. Операцијата беше успешна, но најмногу затоа што ракот беше детектиран во рана фаза. Во овој момент сум благодарен што во Малта постои скининг програма за овој тип на рак.

Јас сега можам да ја разберам потребата и значењето на овие скрининг тестови кои морат да бидат имплементирани во сите Европски држави. Морам да го напоменам големиот бенефит од оваа скрининг програма и нејзино успешно спроведување, затоа што ракот на дебелото црево и ректумот е превентабилен и може успешно да се лекува. Затоа ние го правиме ова, да ја пренесиме пораката дека скринингот спасува животи.

Заедно – пациентите, здравствените професионалци, политичарите, медиумите и јавноста, ние можеме да направиме промени.

ОБЕДИНЕТИ ВО БОРБАТА ПРОТИВ КОЛОРЕКТАЛНИОТ КАНЦЕР