Драги пријатели,

Добредојдовте на страниците на македонското здружение за борба против ракот „БОРКА“.

Потребата за формирање на „БОРКА“ се наметна како резултат на постојната состојба во здравството во Република Македонија, а имајќи ја предвид решеноста на нашата земја да ги интензивира реформите во оваа област.

Увидовме дека во Македонија постои потреба од здружение кое генерално ќе ги третира сите видови на рак и кое ќе се бори против ракот генерално, но и поединечно против различните видови на рак. “БОРКА” се формираше за да помогне да се пополни оваа празнина во граѓанскиот здравствен сектор и да соработува со сите вклучени релевантни фактори.
Во својата работа Здружението се фокусира кон поддршка на пациентите заболени од рак, пошироката јавност, јавните здравствени институции, невладиниот сектор, во нивните напори да спроведат активности кои ќе се спротистават на сите видови на рак.

Уверени сме дека во Македонија ќе биде воспоставено силно и функционално здравство, институции кои во целост ќе ги опслужуваат пациентите, како и граѓани кои ќе бидат свесни за своите обврски околу сопственото здравје. Нашата цел е активно да учествуваме во создавањето на здрава популација, свесна за ризиците и предизвиците, држава со значително намален број на заболени од рак и секако, држава со значително зголемен број на излечени од рак.

Населението во Македонија има негативен став и страв од ракот како заболување. Ние сакаме да го искорениме тој страв, да ги едуцираме граѓаните и да ја подигнеме нивната свест, преку испраќање на јасна порака до сите дека ракот не смее да се третира како неизлечива болест и да ги охрабриме да се борат за да го победат ракот.

Затоа, придонесете и Вие во борбата против ракот. Придружете ни се!

За секој нов ден,

Биба Додева
Претседател на „Борка“

Извршен одбор:

Биба Додева
Претседател

Проф. Д-р Лидија Чевреска
Мр. Д-р Симонида Црвенкова
Славица Николовска Спасова
Македонка Шурдеска
Ирена Спировска

Статут на здружение на граѓани за борба против рак „Борка“

Програма за работа на здружение на граѓани за борба против рак „Борка“

Извештаи