Јани Макрадули заменик министер за животна средина 

1.Оние што Ве познаваат велат дека знаат оти е ноември , кога ке ве видат со мустаќи, колку години трае оваа Ваша традиција ?

  • Веќе 4-та година.

 2.Уредно избричено лице и негувани мустаќи во Ноември , значи дека некој е дел од светското движење наречено Мовембер – месец во кој се одбележува и поттикнува на свесноста од ракот на простата. Дали некој од Вашата околина сте го мотивирале да се прегледа или да пушти мустаќи во чест на ова заболување ? 

  • Имам впечаток дека оваа година нема некоја масовна поддршка, можеби грешам, ама во минатото имало поголема видливост. Има неколку пријатели што сум ги мотивирал, но не сум успеал колегите од политиката да ги убедам. 

3.Колкумина Ве прашале зошто пуштате мустаќи во Ноември ?

  • За жал има масовно непознавање што е Мовембер, без разлика што има кампања и активности поврзани со тоа. Има непознавање за целите и начинот на промоција. Бидејќи промената е видлива, тоа и е смислата за драстична промена да предизвика реакција и прашања. Имало и реплики во Собрание што е успех. Затоа јавните личности имаа обврска плус, да се вклучат во ова движење.

 4.Дали Вие редовно одите на преглед за простата? 

  • Да, еднаш годишно одам и вообичаено ехо наодот го постирам на социјалните мрежи како потсетување и предизвик за сите.

 5. Што за Вас значи тоа што во Ноември пуштате мустаќи ? 

  • Потестување до сите дека го потценуваме нашето здравје, дека почесто на сервис го носиме напиот автомобил отколку нашето тело. Претставува и предизвик да се објасни зошто изгледам чудно. Секако и третманот на мустаќите значи .. 

6. Дали Вашата јавна функција ке ја искористите за промовирање на Мовембер и подигање на свесноста за навремени прегледи ?

  • Да, секако, тоа и е дел од нашата задача. Јавните личности имаат општествена одговорност да промовираат вакви акции, движења каде се подигнува свеста за здравјето. И како пратеник и сега, кога често сте на телевизија и промената е видлива и за повеќето изгледа смешна, но помага во подигнување на свеста. 

7. Колку во Здравствениот систем во Македонија се грижат или подготвуваат кампањи за Мовембер ?

  • Знам дека некој од уролозите ја промовираат, во минатото имаше бесплатни прегледи од здравствените установи и тоа треба да биде дел од секоја кампања.

 8. Дали Невладините организации имаат влијание во подигнување на свесноста за Мовембер ? 

  • Секако дека Невладиниот сектор игра улога. Јас ги поддржувам нивните активности, со моја поддршка, совети и лобирање се трудам да помогнам во нивната борба и соодветен третман во општеството.