Пред да почнете да се лекувате со биолошки сличен лек, важно е следново:
• да бидете информирани во целост што може да очекувате кога ќе започнете
третман со биолошки лек или кога ќе се префрлите од еден биолошки лек на
друг, што може да биде биолошки сличен лек;
• да ги добиете сите релевантни инфомации за лекот од Вашиот
лекар/фармацевт. Како за сите биолошки лекови, потребно да се чува
евиденција за лекот што Ви е даден.
• да бидете дел од одлуката за третманот кој ќе го користите.

Пријавете било каков сомнителен несакан ефект на лекарот кој Ви го препишал
биолошкиот лек (вклучувајќи го и биолошки сличниот лек), исто како и за било кој друг лек.
Треба исто така да му кажете на Вашиот лекар ако мислите дека лекот нема ефект.
Несаканите ефекти понекогаш може да се појават долго време после земање на
лекот, па дури и по прекин на земање на лекот. Пријавувањето на симптомите на
Вашиот лекар освен што ќе помогне побрзо да се подобри Вашата состојба, исто така
помага во континуирана проценка на квалитетот и безбедноста на лековите.