Кај акутната леукемија, созревањето на белите крвни зрнца е прекинато. Незрелите клетки се размножуваат брзо и почнуваат да се акумулираат во различни органи и ткива, а со тоа влијаат на нивното нормално функционирање. Оваа неконтролирана пролиферација на незрели клетки во коскената срцевина влијае на производството на нормалните црвени крвни зрнца и тромбоцитите.
Акутните леукемии се два типа, акутна лимфоцитна леукемија и акутна миелогена леукемија.

Различни видови на бели крвни клетки се вклучени во двете леукемии. Во акутната лимфоцитна леукемија (ALL), Т или Б лимфоцити стануваат канцерогени. Б клеточните леукемии се почести отколку Т клеточните леукемии. Акутната миелогена леукемија, исто така позната како акутна нелимфоцитна леукемија (ANLL), е рак на моноцитите и / или гранулоцитите. Леукемиите зафаќаат 2% од сите случаи на рак. Бидејќи леукемијата е најчестата форма на рак кај децата, таа е често се смета како болест на детството. Сепак, леукемиите ги погодуваат девет пати повеќе возрасните околку децата. Половина од случаите се јавуваат кај луѓе на 60 години или постари. Инциденцата на акутните и хроничните леукемии е скоро иста. Според проценките на GLOBOCAN, морбилитетот за леукемија изнесува околу 200 000 нови случаи во 2008 година на светско ниво или 87 случаи во Македонија, од кои 61 смртни. На меѓународно ниво, леукемија е четвртиот најчест рак кај луѓето на возраст од 15 до 19 години.

Причини и симптоми

Леукемијата ги погодува двата пола и сите возрасти и нејзината причина е главно непозната. Сепак, хроничната леукемија е поврзана со генетски аномалии и еколошки фактори. На пример, изложеност на јонизирачко зрачење и на одредени органски хемикалии, како што се бензен, се верува дека го зголемува ризикот за добивање на леукемија. Хронична леукемија се јавува кај некои луѓе кои се инфицирани со два човечки ретровируси (HTLV-I и HTLV-II). Абнормален хромозом познат како Филаделфија хромозом се гледа во 90% од случаите со CML. Инциденцата на леукемијата (акутна и хронична) е малку повисока кај мажите отколку кај жените. Повисока инциденца на леукемија, исто така, е забележана кај лицата со Даунов синдром и некои други генетски аномалии. Историја на болести со оштетување на коскената срцевина, како што се апластична анемија или историја на рак на лимфниот систем ги изложува луѓето на висок ризик за развој на акутна леукемија. Слично на тоа, употребата на антиканцер лекови, имуносупресиви и антибиотикот хлорамфеникол, исто така, се сметаат за ризик фактори за развој на акутна леукемија.

Симптомите на леукемијата се обично нејасни и неспецифични. Пациентот може да ги доживее сите или некои од следниве симптоми:

–          слабост или хроничен замор

–          треска од непознато потекло

–          губење на телесна тежина кое не се должи на диета или вежбање

–          чести бактериски или вирусни инфекции

–          главоболки

–          црвенило на кожата

–          неспецифични болки во коските

–          лесно добивање на модринки

–          крварење од непцата или носот

–          крв во урината или столицата

–          зголемени лимфни јазли и / или слезина

–          абдоминална исполнетост