Како и секој одобрен лек, се очекува и биолошки сличните лекови да бидат безбедни и ефикасни третмански опции кога се користат соодветно во согласност нивните
одобрени индикации. Инструкции за употребата се наведени во упатството за
употреба на секој лек.
Како и за било кој друг третман, важно е пред започнување на терапијата со биолошки сличен лек да имате темелен разговор со Вашиот доктор за сите достапни третмански опции, за нивната безбедност, придобивки и ризици, како и разликите помеѓу лековите.

Ако веќе употребувам биолошки (референтен) лек, можам ли да се префрлам на
неговиот биолошки сличен лек?

Можно е да се префрлите од биолошки референтен лек на биолошки сличен лек, но
за било која одлука за префрлување треба да одлучи Вашиот лекар во консултација
со Вас, и притоа да бидат земени предвид сите локални законски одредби во однос на употребата на биолошките лекови.
За прашања кои се однесуваат на префрлување од еден биолошки лек на друг, Вие
треба да разговарате со Вашиот доктор, фармацевт или медицинска сестра.