За повеќето луѓе, колоноскопија или сигмоидоскопија се препорачува на почетокот на возраст од 50 години, а потоа да се повторува на секои десет години за колоноскопија и секои пет години за сигмоидоскопија. Колоноскопија била за прв пат користена во 1969 година. Откако е дијагностициран колоректален карцином, дополнително тестирање е потребно за да се утврди колку е проширен низ телото. Оваа постапка е позната како стејџинг (градирање по стадиуми).

Постојат пет различни фази на колоректалниот карцином:

Стадиум 0 (carcinoma in situ). Најраниот стадиум на колоректален карцином покажува дека канцерогените клетки не се шират надвор од обвивката на дебелото црево.

Стадиум I. Ракот се проширил на вториот и третиот слој од внатрешноста на ѕидот на дебелото црево, но се уште е во рамките на дебелото црево.

Стадиум II. Ракот се проширил надвор од дебелото црево, но не се шири во лимфните јазли.

Стадиум III. Ракот се проширил на околните лимфни јазли, но не се шири низ целото тело.

Стадиум IV. Ракот се проширил низ целото тело.

Постои шестти подтип на рак, наречен повторлив, кој се користи за класифицирање на колоректален карцином, кој бил третиран, изгледа дека го снемало, но подоцна се повторува или во дебелото црево или во друг дел на телото.