Неодамна Европската агенција за лекови издаде брошура наменета за информирање
на пациентите со наслов „Што треба да знам за биолошки слични лекови“.
Целта на брошурата е да даде одговори на некои прашања кои пациентите може да ги
имаат по однос на биолошки сличните лекови.

Вообичаено луѓето мислат дека лековите се хемиски соединенија. Сепак, биолошките
лекови доаѓаат од живи организми, како што се живи клетки кои биле модифицирани
со помош на биотехнологијата.

Ова им овозможува на овие живи организми или клетки
да произведуваат активна супстанција на биолошкиот лек. Оваа активна супстанција
потоа се собира од клетките.

Овие активни супстанции на пример протеините се обично
поголеми и посложени од оние на не-биолошките лекови.
Од 1980-тите, биолошки лекови се развиени за широк спектар на состојби. Достапните лекови вклучуваат хормони како инсулин и хормон за раст, како и моноклонални антитела за третман на автоимуни болести и рак.

Македонската верзија од оваа брошура можете да ја погледнете на следниот линк.

http://borka.org.mk/pub/borka-eu-bioloshki-slichni-lekovi.pdf