Како и сите видови на рак, лимфомите најдобро се третираат кога ќе се откријат на почетокот. Сепак, тие често тешко се дијагностицираат. Не постојат скрининг тестови на располагање и бидејќи симптомите се неспецифични, лимфомите ретко се препознаваат во раните фази. Откривањето често се јавува случајно при рутински физички преглед. Кога докторот се сомнева на лимфом, темелно се врши физикален преглед и се зема комплетна медицинска историја. Зголемениот црниот дроб, слезината или лимфните јазли може да сугерираат на лимфом. Крвните тестови ќе го утврдат бројот на крвните клетки и се добива информација за тоа како функционираат органите, како што се бубрезите и црниот дроб. Биопсијата на зголемените лимфни јазли е дефинитивен начин да се дијагностицира лимфом. Лекарот може исто така да изврши биопсија на коскената срж. Примерокот се испраќа во лабораторија за испитување. Биопсии исто така може да се повторат во текот на лекувањето за да се види како лимфомот реагира на терапија.

Третман

Не-Хочкин лимфомот е опасн по живот и точно дијагностицирање и соодветен третман со хирургија, хемотерапија, или зрачење се од клучно значење за контролирањето на болеста. Третмански опции за лимфомите зависат од типот на лимфом и неговиот степен. Во повеќето случаи третманот се состои од хемотерапија, радиотерапија или комбинација од двете. Хемотерапијата се користи за да ги уништи клетките на ракот. Кај Не-Хочкин лимфомите комбинираната терапија, која користи неколку лекови, е поефикасна отколку употребата само на еден лек. Третманот обично трае околу шест месеци, но во некои случаи може да биде долг и до година. Ако клетките на ракот дошле до централниот нервен систем, тогаш хемотерапевтски лекови може да се инсталираат преку игла во мозокот или вратот, во течноста што го опкружува мозокот.