Тимот на Здружението Борка за секој нов ден Ве известува дека од 13 ноември (среда) 2019 година со почеток во 17 часот во просториите на нашето Здружение кое се наоѓа на Булевар Борис Трајковски број 19 ќе подолжиме со групите за психосоцијална помош и поддршка на заболените од рак. Борка веќе десетина години интензивно пружа психосоцијална помош на пациентите заболени од рак со психотерапевт кој ќе има групни терапии два пати во месецот.

Групите ќе ги води советник – психотерапевт Лела Ставрева. Ве молиме доколку сте заинтересирани за присуство во групите да не известите на телефонската линија 076 496 451 или на 3224 636 или на е-маил адресата ivan@borka.org.mk за да го потврдите Вашето присуство.