НЕКОЛКУ ПРВИЧНИ СОВЕТИ И ОБЈАСНУВАЊА
  • На денот на инфузија имајте трпение.
  • Прифатете дека цел ден ќе бидете ангажирани во болницата. Не се нервирајте непотребно.
  • Земете си вода и нешто за јадење.
  • Прашајте го лекарот за разни лекарства кои би можеле да ги земате, заради намалување на несаканите ефекти од примање на инфузијата.
  • Денот кога ќе ја примате хемотерапија, не се прејадувајте.
  • Обично после првата инфузија, човекот се чувствува релативно добро.
  • Многу често несаканите ефекти од хемотерапијата се појавуваат 24 часа по инфузијата.
  • Избегнувајте контакти со многу луѓе. За време на хемотерапијата не е пожелно да се разболите.
  • Водете посебно внимание за хигиената.
  • Пред да започнете со хемотерапијата, ќе ви ја измерат височината и тежината и тоа ќе му помогне на лекарот да ја одреди точната доза на хемотерапијата.
  • Шемата за примање на инфузиите и лекарствата се определува во зависност од видот на туморот, големината и дали е раширен во други делови од телото. Обично лекубањето трае неколку месеци.
  • Некои пациенти кои примаат таблети или капсули (перорална хемотерапија) се подложни на секојдневно лекување, во текот на неколку седмици или месеци.
  • Обично пред секоја хемотерапија се прават тестови на крвта и ќе се гледате со лекар или медицинска сестра. Испитувања на крвта обично се прават на истиот ден со хемотерапијата, но има можност да ги направите и претходниот ден (понекогаш и 7 дена претходно). Може да ви се каже да направите и ренген, скенер, ехокардиограм или друго испитување.

  • Во зависност од резултатите на испитувањата, може да има потреба од промена на планот на лекување. Тоа може да биде заради недоволно намалување на туморот или недоволно повлекување од хемотерапијата. Во таков случај, премин на други лекарства или шеми, може да даде подобри резултати.
  • Сите хемотерапевтски лекарства се изготвуваат на специјален начин и може да ви кажат да почекате додека се направат во аптеката на болницата. Користете го максимално времето на чекање и земете си книга, весник, крстозборка или нешто друго што ви причинува задоволство.
  • Понекогаш вашето лекување може да бара успорување или одложување, со оглед на тоа што хемотерапевтските лекарства го запираат нормалното функционирање на коскената срж. Успорувањето на хемотерапијата и дава можност на коскената срж да се обнови пред примање на следната доза на лекарства.
  • Ако има некој специјален настан или сакате да се одморите, може да се договорите за погодно време за вашето лекување. Вашиот лекар ќе ви каже дали тоа е возможно.