• ВОНРЕДНИ СИТУАЦИИ
Секој пациент, кој прима хемотерапија е должен претходно да разговара со лекарот за вонредни настани и при нивна појава да се консултира со лекарот по телефон или лично да разговара и да постапи согласно на неговите препораки.
Ситуации при кои е неопходно да се обратите за специјализирана медицинска помош, без да чекате ни еден ден за преглед се:
-Зголемена температура над 38 степени
– Крвавење од било кое место
– Силно крвавење од носот
– Појава на поткожни модринки
– Силно крвавење од непцата
– Обилно крвавење од вагината
– Свежа крв во фекалиите или темноцрни фекалии
– Плунка со боја на талог од кафе или крваво црвена
– Осип по телото, со големина на глава од игла
– Појава на големо количество на крв при кашлица (појава на црвена боја во плунката не е нормална појава)
– Болка и црвенило на вената во која ги примате лекарствата
– Потешкотии при дишењето
– Болки во градниот кош, кои се шират кон раката
– Растројство кое предизвикува губење на телесна тежина, слабост и замор
– Ако не можете да одите во тоалет и да пуштате гасови
– Раните во устата ви пречат да земате храна и да ја голтате
– Моментална појава на вкочанетост, двојно гледање и нарушување на рамнотежа, губење на свест
  • КЛИНИЧКИ ИСПИТУВАЊА
Истражувањата за нови начини за лекување на рак без престан продолжуваат и сега.
Кога се разгледува нов начин на лекување, тој поминува низ разни етапи на проучување. На почеток, тоа ќе биде испитување во лабораторија и понекогаш тестирано на клетки од рак во епрувета. Ако лекувањето покаже дека може да е корисна терапија, тоа ќе биде дадено на пациенти при научните испитувања (клинички испитувања).
Вие можете да бидете поканети да учествувате во проучувањето. Од тоа може да има голема корист. Може да помогнете за напредокот на сознанијата за ракот и за создавање на нови лекарства, кои ќе бидат внимателно набљудувани за време и по истражувањето.
Клиничките проучувања се неопходни за да се докаже колку корисни може да се сите можни нови терапевтски приоди и за согледување дали тие се подобри од постојното лекување. Тоа треба да се направи внимателно и прецизно, обично одзема неколку години од моментот на првото откривање на новиот начин на лекување (често со големо промовирање во весниците и телевизијата) до моментот на оценување на неговата вистинска вредност.