До сега, не постои сигурен начин да се спречи ракот на дојка, затоа редовните мамограми се толку важни за рана детекција. Стратегии кои можат да помогнат во спречување на ракот на дојка се избегнување на зголемување на телесната тежина и дебелина, редовна физичка активност и минимизирање на алкохолот. Жените кои избираат да дојат подолг период на време (студиите сугерираат една година или повеќе), исто така може да го намалат нивниот ризик за рак на дојка. Една жена треба да се смета со зголемен ризик од рак на дојка поврзано со употребата на естроген и прогестин при оценување на опциите за третман за симптомите на менопаузата. Третман со тамоксифен или ралоксифен, исто така, може да го намали ризикот од рак на дојка кај жени со висок ризик.

Дебелина

Дебелината го зголемува ризикот од постменопаузалниот рак на дојка, но се чини дека штити од рак на дојка пред менопаузата. Кај постменопаузалните жени, циркулирачкиот естроген првенствено се произведува во масното ткиво. Така, доколку има повеќе масно ткиво се зголемува нивото на естроген и веројатноста за развој на рак на дојка.

Зголемување на телесната тежина во текот на зрелоста, исто така, го зголемува ризикот од рак на дојка. Резултатите од една студија на повеќе од 80.000 регистрирани медицински сестри откриле дека жените кои добиле 25 кг. или повеќе после 18-тата година имале речиси за 50% поголем ризик од добивање на рак на дојка; добивање на 10 или повеќе кг. по менопаузата бил поврзан со зголемен ризик од 18% . Иако некои истражувања покажале дека губењето на тежината може да биде поврзан со намален ризик, резултатите не се конзистентни. Потешко е да се испита ефектот на слабеење врз ракот на дојката поради тоа што губењето на тежината често не се одржува.