Лекарите се користат со одредување на стадиум за проценка на ризикот и прогнозата поврзана со специфичните карактеристики на пациентките и видот на ракот. Најчесто се применуваат методи спрема таканаречената ТНМ класификација. Комбинацијата на големината на туморот (Т), зафатеноста на регионалните лимфни јазли (N) и метастазите или ширење на ракот на други органи (М) ќе го определат ракот на дојка во еден од стадиумите. Стадиумот на ракот е од темелно значење за носење на одлуката за начинот на лечење. Доколку болеста е во помалку напредната фаза, прогнозата е подобра. Одредувањето на стадиумот обично се извршува во два наврати и тоа, после клиничкото и радиолошко испитување, како и после операцијата. Ако пациентката се оперира, стадиумот може да зависи од наодот од патохистолошкиот преглед на отстранетиот тумор и лимфните јазли.
Стадиум 0 е кога клетките на туморот се присутни во млечниот канал, каде што се создале.
Стадиум I е кога туморот е помал од два сантиметри во обем и малите групи на туморски клетки можат да бидат присутни во лимфните јазли. Туморот на дојка во стадиум I е поделен на IA и IB стадиум.
Стадиум II е кога туморот е помал од два сантиметри и се проширил на лимфните јазли во пазувите или големината на туморот е помеѓу два и пет сантиметри без зафатеност на лимфните јазли во пазувите.
Туморот на дојка во стадиум II е поделен на IIA и IIB стадиум.
Стадиум III е кога туморот е било која големина, но го зафатил и градниот кош или кожата на дојката.
- зафатил најмалку десет лимфни јазли во пазувната јама
- зафатил лимфни јазли блиску до градната коска
- зафатил лимфни јазли под клучната коска или над неа
Туморот на дојка во стадиум III е поделен на IIIA, IIIB и IIIC стадиум.
Стадиум IV е кога туморот ги зафатил останатите органи во телото како што се, коските, белите дробови, црниот дроб или мозокот. Овој стадиум најчесто се нарекува и метастази.
ШТО ЗНАЧИ ДУКТАЛЕН, А ШТО ЛОБУЛАРЕН КАРЦИНОМ?
Туморското ткиво земено со биопсија се анализира во патохистолошка лабораторија. Ткивото добиено со хируршко отстранување на туморот на дојка и лимфните јазли од пазувите се прегледува патохистолошки. Таквата постапка е многу важна за да се потврдат резултатите од биопсијата и да се добијат дополнителни информации за ракот на дојка. Резултатите од наодот вклучуваат одредување на таканаречениот хистолошки тип/вид. Проценката на хистолошкиот вид се темели на видот на клетките од кои се состои туморот.
Ракот на дојка се создава во ткивото на дојката, најчесто во каналите – дуктусите или во жлездите – лобулите. Главните хистолошки типови на ракот на дојка се дукталните и лобуларните карциноми. Патохистолошките наоди исто така го класифицираат ракот на дојка како инвазивен или неинвазивен (in situ).
Најчест вид на карцином на дојка е дукталниот карцином. Името го добил според местото каде што се создал ( во млечните канали, дуктусите во дојката). Лобуларниот карцином се создава во жлездите, лобулите на дојката. И дукталниот и лобуларниот карцином можат да бидат in situ (DCIS, LCIS) или инвазивни. Карциномите in situ се неинвазивни и излечиви во скоро сите случаи.
O коментари