Откажете се од пушењето
Канцерогените честички  од тутунот го зголемуваат ризикот за многу видови на рак , вклучувајќи го тука и ракот на матката, а  жените кои се пушачи имаат  двојно повеќе  шанси  да  развијат рак на матката, за разлика од жените непушачи. Одвикнувањето  од пушењето може да го намали овој ризик. Пасивните  пушачи  исто така имаат зголемен ризик за развој на  промени во клетките  кои можат да доведат до карцином на грлото на матката.

Исхрана
Поголемата употреба  на зеленчук во исхраната  е поврзана со 54% намалување на ризикот  од присутност на ХПВ. Користењето на папаја барем еднаш неделно е обратнопропорционално  поврзана со постоењето на ХПВ инфекција.

Истражувањата покажаа дека пониските нивоа на антиоксиданси (витамин А, витамин Ц, витамин Е, CoQ10, каротеноиди) заедно со пониско ниво на фолна киселина доведува до зголемување за  ризикот од развој на CIN.

Подигање на свеста
Согласно здравствени студии од  2005 година на Американскиот Национален Институт за рак, само 40% од анкетираните американски жени слушнале за хуман папилома вирус (ХПВ) инфекција, а само 20% слушнале за неговата поврзаност со рак на матката.