Ако се препорачува операција на ракот на дојката, ова се некои прашања кои можеби ќе сакате да му ги поставите на вашиот хирург:
- Колкав дел од моите гради треба да се отстрани?
- Како ќе изгледаат моите гради по операцијата?
- Што треба да очекувам по операцијата како дренажа, движење, удобност, оштетување на нервите и било какви тековни промени?
- Ќе имам ли чувство во моите гради?
- Ќе можам ли се уште да дојам во иднина?
- Кога ќе треба да почнам да ја користам погодената рака, и какви вежби за рака треба да правам за да се спречи вкочанетоста?
- Ќе се треба ли понатамошно лекување?
- Ако одберете да имате импланти, дали тие ќе треба да се заменуваат во иднина?
- Како операцијата на градите ќе влијае на мојата работа, сексуален живот и физичка активност?
- Може ли да разговарам со некој кој имал операција?
- Колку ќе чини операцијата ?
- Кога ќе биде закажан мојот прв контролен преглед?
- Каква поддршка е достапна по операцијата – превенција на лимфедем, психолошка помош, грижа за преживување и совети за начин на живот?
Ако се препорачува хемотерапија, зрачење, хормонална или таргетна терапија прашајте го Вашиот онколог:
- Што значи мојот резултат од патологија?
- Колку е раширен мојот рак?
- Колку долго ќе трае мојот третман и колку тоа ќе чини?
- Дали има некои нови можни третмани кои треба да се разгледаат?
- Дали има некои клинички испитувања на лекови до кои јас исто така би можел/а да добијам пристап? Тука или во странство?
- Кој ќе го следи мојот случај?
- Кои се несаканите ефекти од овој третман?
- На кого можам да му се обратам ако имам лоши несакани ефекти или се чувствувам навистина лошо?
- Дали имам некаква социјална заштита што може да се добие за да ми помогне да се платат трошоците за лекување? Каква услуги за поддршка се достапни?
- Може ли да имам деца после третманотв и дали тој ќе влијае на мојата плодност?
O коментари