Ако ви се гади или повраќате, кажете му на вашиот лекар, што е можно порано. Може да се препишат лекарства против повраќање, кои делуваат добро. Во прилог следуваат неколку совети со цел да го насочат пациентот како полесно да ги преброди и надмине несаканите ефекти од хемотерапија.
  • Исхрана
  • – Жените од Здружението „Борка“ споделија дека лушпа од корен на ѓумбир може да го намали чувството на гадење.
– Избегнувајте храна или готвење на храна кога ви се гади.
– Избегнувајте пржена храна, мрсна храна и храна со јака миризба.
– Јадете почесто помали оброци и џвакајте ја добро храната.
– Јадете малку храна, неколку часа пред лекувањето.
– Пијте многу течности, полека и со мали голтки.
– Избегнувајте пиење на течности пред јадењето. Некои нетрадиционални терапевтски методи (како хомеотерапија или акупунктура) може да помогнат.
  • Вашата уста
  • – За да ви биде устата свежа и влажна јадете свеж ананас.
– Чистете ги забите или забните протези внимателно наутро, навечер и по секое јадење.
– Користете четка со меки влакна или детска четка.
– Ако пастата за заби ви предизвикува гадење, пробајте да користите течности за плакнење на устата или една чајна лажичка сода бикарбона, растворена во една чаша со топла вода.
– Ако лекарот ви препише течност за плакнење на устата, користете ја редовно, според упатството, за да избегнете разранување. Некои течности за уста се јаки и не заборавајте да ги разредите со вода.
– Секој ден внимателно користете конец за заби.
– Усните треба да ви бидат влажни со користење на вазелин или ароматизиран балзам за усни, ако така сакате.
– Избегнувајте алкохол, тутун, лути јадења, лук, кромид, оцет и солена храна. Тоа може да ви ја разрани устата.
– Држете ја устата влажна. Користете разни видови на сосови со храната, за да го олесните голтањето.
– Пробајте да пиете до два литра течности дневно (вода, чај, ретко кафе и негазирани сокови).
– Избегнувајте сокови од портокал или грејпфрут. Топли чаеви од билки може да бидат од корист за вашата состојба.
– Кажете му на лекарот ако имате афти во устата, бидејќи можно е да има потреба од лекарства за заздравување на афтите или чистење на инфекцијата.
– Шмукање на парче мраз за време на хемотерапијата, може да спречи појава на афти во устата.
  • Нарушувања при исхраната
  • Ако имате дијареја, јадете храна со помалку растителни влакна и избегнувајте зрнеста храна, сирови плодови и зеленчуци. Избегнувајте и лешници, семки, мрсна храна, грав, сушени плодови, сокови, чоколадо, лута и солена храна, лук, сенф и алкохол. Јадете често и по малку. Примајте висококалорична и храна која содржи калциум, како на пример, кашкавал, јајца, варени компири, оризова каша, макарони, банани, солен ајран, јогурт. Пијте многу течности (до два литри на ден) за да ја компензирате загубената течност од дијарејата. Немојте да пиете кофеински и газирани напитоци. Ако имате запек, јадете повеќе храна со растителни влакна, сирови плодови, зрнеста храна и зеленчуци. Подготвувајте сок од сливи и топли напитоци. Намалете го конзумирањето на јајца, кашкавал, компири, ориз, макарони. Обидете се постојано да јадете во исто време.
  • Промена на вкусот
  • – Јадете само храна која ви се допаѓа и избегнувајте ја онаа која не ви се допаѓа.

– Користете додатоци и билки за да ја подобрите храната која ја готвите.
– Пробајте да ја маринирате храната со сосови со посилна арома.
– Храната со остар вкус како свежите плодови се освежувачки и оставаат пријатен вкус во устата.
– Некои луѓе сметаат дека студената храна е повкусна од топлата.