За да го спречите детето по кој знае кој пат да добие воспаление на увото, грлото или некоја заразна болест, ви донесуваме попис на местата на кои децата се најизложени на бактерии.
ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ
Тоа е плодно тло за сите видови болести бидејќи децата таму сешто допираат. Освен тоа, на игралиштата нема правила (како оние во градинка) дека болните деца не смеат да доаѓаат. Најлошо е местото за играње покриено со песок и тоа затоа што таму често животните вршат нужда, а паразитите од изметот само ги демнат децата. Ако веќе не можете детето да го држите подалеку од игралиштето со песок, се препорачува да го избањате веднаш откако ќе се вратите дома.
ЈАВНИ ТОАЛЕТИ
Дали некогаш сте се нашле во ситуација да мора детето да го пресоблечете во јавен тоалет? Најверојатно – да. Дали потоа подлогата сте ја избришале со антибактериски марамчиња? Најверојатно – не. Затоа најдобро би било со себе да имате еднократна подлога за пресоблекување која ќе ја поставите во тоалетот, направете го она што морате, а потоа се фрлете.
ЧЕКАЛНИТЕ ВО БОЛНИЦИТЕ
Чекалните во болниците се расадник на зарази. Таму доаѓаат болни деца на кои често носето што им тече го бришат со рачињата, а потоа ги фаќаат работите кои таму се наоѓаат. Некои амбуланти имаат одвоени чекални – за болни и за децата кои дошле на редовен преглед или контрола. Во секој случај, поттикнете го детето да ги измие рацете кога ќе влезе и излезе од ординацијата.
ТРГОВСКИ ЦЕНТРИ, ПРОДАВНИЦИ
Поради големиот број луѓе кои тука секојдневно доаѓаат и не треба да не чуди фактот дека речиси секое катче во продавниците е полно со бактерии – од подот, полиците, количките, подвижните ленти на благајните…Рачките на корпите се посебно опасни бидејќи децата најчесто први ги допираат. На рачките демнат сите видови гадни бактерии, па дури и Ешерихија коли. Избришете ги рачките со влажно марамче пред детето да ги дофати. Ако го возите во колички за купување, обидете се да ги заинтересирате со омилената играчка, а потоа веднаш дезинфицирајте им ги рацете.
СЛАВИНИТЕ ВО ЈАВНИТЕ ТОАЛЕТИ
Стручњаците сметаат дека славините во училиштата имаат повеќе микроорганизми отколку даските на тоалетните школки. Студиите откриле дека водата во тоалетните шолји била почиста од онаа која доаѓала од славините.
Не можете да ги заштите децата од сите микроорганизми, но можете помудро да настапите. Нека добро ги измие рацете по посетата на игралиште или трговските центри и нека од дома земат шише со вода кога одат во уличиште.