Дијагноза

Докторот може да забележи знаци на постоење на мултипен миелом уште пред тие да се манифестираат – преку испитувања на крвта и урината за време на рутински физикален преглед. Ако пациентот се уште нема развиено симптоми, овие тестови се повторуваат на неколку месеци за да се следи болеста, да може лекарот да утврди дали болеста прогредира и да го изнајде најдобриот можен третман врз основа на резултатите од тестовите.

Испитување на крв и урина

Крвен тест наречен серум протеин електрофореза ги одделува крвните протеини и со него може да се детектираат моноклоналните протеини (М протеини). Дел од М протеините може да се детектираат и преку испитување на урината. Кога М протеините ќе се најдат во крвта тие се нарекуваат Бенс Џонсови протеини. Моноклоналните протеини може да се знак за постоење на мултипен миелом, но може да се јават и при други состојби.

Доколку при тестирање се откријат моноклонални протеини ќе треба да се направат дополнителни тестирања за да се измери бројот на крвни клетки, нивото на калциум во крвта, нивото на уреа и креатинин, исто така лекарот може да направи тест за постоење на бета-2-микроглобулин, друг протеин кои го произведуваат клетките на миеломот или пак тест за да се утврди процентот на плазма клетки во коскената срцевина.

Имиџинг техники. Рентген на коските може да покаже дали во нив се среќаваат некои места со помала густина, карактеристични за мултипниот миелом. Доколку е потребен подобар преглед на коските, може да се користат магнетната резонанца, томографија или ПЕТ скен.

Испитување на коскената срцевина. Лекарот може да направи испитување на коскената срцевина преку земање на дел од коскената срцевина со помош на игла. Примерокот се испитува под микроскоп за да се потврди или исклучи присутноста на миелома клетки. Дел од земениот примерок се испитува за постоење на хромозомски абнормалности со помош на флуоресцентна ин ситу хибридизација (ФИСХ). Се прават и тестови да се измери брзината на делење на плазма клетките.