Компликации

Оштетен имунитет. Клетките на миеломот ја ихибираат продукцијата на антитела потребни за нормален имунитет. Мултипниот миелом ги прави пациентите подложни на инфекции како пневмониа, синузитис, инфекции на бубрезите и мочниот меур.

Проблеми со коските. Мултипниот миелом може да влијаа врз коските доведувајќи до ерозија на истите и фрактури. Поради тоа може да дојде и до компресија на ‘рбетниот столб. Знаците кои и претстојат на оваа медицински итна состојба вклучуваат слабост, па дури и парализа на нозете.

Нарушена функција на бубрезите. Мултипниот миелом може да предизвика проблеми со функционирањето на бубрезите, вклучувајќи и тотално откажување на нивната функција. Високите нивоа на калциум во крвта кои се резултат на ерозијата на коските, може да ја попречи нормалната функција на бубрезите на филтрирање на крвата. Протеините кои се произведуваат од клетките на миеломот може да ги предизвикаат истите проблеми, особено при дехидратација.

Анемија. Бидејќи клетките на ракот ги истиснуваат нормалните крвни клетки, мултипниот миелом може да предизвика анемија и други проблеми со крвта.

Дијагноза

Докторот може да забележе знаци на постоење на мултипен миелом уште пред тие да се манифестираат – преку испитувања на крвта и урината за време на рутински физикален преглед. Ако пациентот се уште нема развиено симптоми, овие тестови се повторуваат на неколку месеци за да се следи болеста, да може лекарот да утврди дали болеста прогресира и да го изнајде најдобриот можен третман врз основа на резултатите од тестовите.