Ризик фактори

Мултипниот миелом не е заразен. Најголем дел од луѓето со мултипен миелом немаат точно идентифицирани ризик фактори за болеста. Некои од ризик факторите кои можат да влијаат врз појава на болеста се :

Возраста. Најголем дел од луѓето кај кои се јавува мултипен миелом се постари од 50 години, а се дијагностицираат во нивните 60 години. Има регистрирано појава на мултипен миелом и кај луѓе помлади од 40 години.

Пол. Почесто се јавува кај мажи отколку кај жени.

Раса. Афроамериканците имаат двапати поголеми шанси за развој на мултипен миелом отколку белците.

Историја за постоење на MGUS – моноклонална гамопатија од недефинирано значење. Секоја година 1% од луѓето со MGUS во САД развиваат мултипен миелом.

Дебелина. Ризикот за мултипен миелом е поголем кај луѓе со прекумерна тежина.

Други фактори кои го зголемуваат ризикот за појава на мултипен миелом се изложеност на радијација и работа во бензинската индустрија.

Компликации

Оштетен имунитет. Клетките на миеломот ја ихибираат продукцијата на антитела потребни за нормален имунитет. Мултипниот миелом ги прави пациентите подложни на инфекции како пневмониа, синузитис, инфекции на бубрезите и мочниот меур.

Проблеми со коските. Мултипниот миелом може да влијаа врз коските доведувајќи до ерозија на истите и фрактури. Поради тоа може да дојде и до компресија на ‘рбетниот столб. Знаците кои и претстојат на оваа медицински итна состојба вклучуваат слабост, па дури и парализа на нозете.

Нарушена функција на бубрезите. Мултипниот миелом може да предизвика проблеми со функционирањето на бубрезите, вклучувајќи и тотално откажување на нивната функција. Високите нивоа на калциум во крвта кои се резултат на ерозијата на коските, може да ја попречи нормалната функција на бубрезите на филтрирање на крвата. Протеините кои се произведуваат од клетките на миеломот може да ги предизвикаат истите проблеми, особено при дехидратација.

Анемија. Бидејќи клетките на ракот ги истиснуваат нормалните крвни клетки, мултипниот миелом може да предизвика анемија и други проблеми со крвта.