20 јуни е датумот кој е означен како светски ден за борба против рак на бубрези и за таа цел, Здружението „Борка за секој нов ден“ која е дел од Интернационалната Коалиција за борба против рак на бубрезите, оваа недела ќе ја посвети токму на нив и ќе се обиде да ја подигне свеста за овој тип на рак. Во следните седум дена ќе објавуваме информации за тоа што значи рак на бубрег, како да се спречи, дијагностицира и како да се третира.

Луѓето низ светот поставуваат прашања и бараат одговори кои ќе помогнат во борбата против овој тип на рак.

Рак на бубрег е сериозна болест која ззафаќа стотици илјади луѓе на светско ниво. Сепак, малкумина во нашата држава имаат познавање за ракот на бубрег, како на пример, што го предизвикува, како може да се превенира или пак зошто има се поголем број на дијагностицирани луѓе од овој тип на рак.

Се предвидува дека глобалната инциденца на рак на бубрег ќе се зголеми за 22% до 2020 година. Причини за ова се страеењето на популацијата, ризик факторите како високиот крвен притисок, зголемената телесна тежина и зголемениот број на пушачи во нашата држава. Ако рано се дијагностицира овој тип на рак може да се лекува, но во напреден стадиум најчесто завршува фатално при потрагата кон одговори.

Во Република Северна Македонија ракот на бубрегот се наоѓа на 11 место по честота од сите видови на рак, со 91 новооткриени случаи на 100.000 население и стапка на смртност 41 на 100.000 во 2016 година. Ракот на бубрезите најчесто се јавува кај мажи над 40 години, кои имаат два пати поголеми шанси од жените да добијат на рак на бубрег.

Ова се причините зошто Здружението Борка – за секој нов ден како дел од Интернационалната Коалиција за борба против на рак на бубрези оваа година со здружени сили го обележуваат Светскиот ден за борба против ракот на бубрезите. Секој 20 Јуни пациентите, здравствените работници и пациентските организации заедно повикуваат за подигнување на свеста кај населнието за оваа болест.

“Се бориме за подобрување на квалитетот на живот кај пациентите, почнувајќи со зголемување на свеста и организирање на едукации, со цел да се запознаат симптомите, третманските опции и лекувањето и сакаме да знаете дека не сте сами. Здружението Борка е тука за поддршка во вашата борба. Се трудиме да бидеме линкот помеѓу здравствените работници и Минситерството за Здравство кои се согласни дека само преку соработка, партнерство и тимска работа со пациентските организации може да направиме повеќе за пациентите “ – изјави претседателката на Здружението „Борка за секој нов ден“, Биба Додева.