Кој го добива овој карцином?

Ракот на грлото станува се почест карцином и е поврзан со возраста, во која почесто се јавува кај мажите во однос на жените. Пушењето секогаш претставува главен фактор на ризик за овој карцином. Стапката на нови случаи на ларингеален карцином, кои се јавуваат во Соединетите Американски Држави се 2,9 % на 100,000 жители годишно и сето ова е базирано на случаи во временски интервал од 2013 до 2017 година.

Колку луѓе преживуваат пет години или повеќе откако биле дијагностицирани со карцином на грло?

Релативното преживување претставува статистичка споредба на преживеаните пациенти, кај кои е дијагностициран карцином на ларинкс со исто таква група на пациенти

Ова одразува една релативна стапка на преживување во временски период од пет години и повеќе, кај пациенти со дијагностициран карцином на ларинкс, во кое е опфатена популација која е на иста возраст, раса или пол. Овој вид на статистика се базира на големи групи на луѓе и истите не можат да се користат за да се предвиди што може да се случи со индивидуалниот пациент. Тоа е така бидејќи немаме двајца исти пациенти, а третманот и самиот одговор на третманот може многу да варира од пациент до пациент.

Во Соединетите Американски Држави стапката на нови случаи на карцином на ларинксот е 2,9 % на 100,000 жители. Додека стапката на смртност е 1,0 % на 100,000 жители. Апроксимативно кај 0,3% од популацијата во текот на нивниот живот ќе им биде дијагностициран карцином на ларинкс.

Како да се намали инциденцата или зачестеноста на појавата на карцином на ларинкс?

Пред се треба да се изврши се опфатно следење на новите случаи, како и да се следи периодот на преживување на заболените од карцином на ларинкс, сите овие податоци можат да им помогнат на стручните здравствени лица да разберат дали е постигнат напредок и каде е потребно дополнително истражување за решавање на овие предизвици. Делот каде треба да се изврши подобрување е во делот на скринингот и во делот на изнаоѓање на подобри третмани во лекување на карциномот на ларинксот.

Д-р Игор Ценевски