Откако дијагнозата на ракот на панкреасот е потврдена, лекарот ќе работи на тоа да се утврди степенот или стадиумот на ракот кој помага да се одредат третманите кои се на располагање. Со цел да се утврди стадиумот на ракот на панкреасот, докторот може да препорача:

– Користење на ендоскоп, за да се види внатрешноста на телото. Лапароскопијата користи осветлена цевка со видео камера, за да се истражуваат панкреасот и околното ткиво. Хирургот го внесува лапароскопот преку рез на стомакот. Камерата на крајот на ендоскопот пренесува видео на екран во операционата сала. Ова му овозможува на лекарот да  најде знаци дали ракот се проширил и во стомакот.

– Тестови, кои вклучуваат Х – зраци, КТ и МРИ. (Компјутерска томографија и Магнетна резонанца)

– Крвни тестови за специфични протеини (туморски маркери) произведени од канцерогените клетки на панкреасот. Еден тумор маркер тест кој се користи при откривање на ракот на панкреасот се нарекува CA19-9. Некои истражувања покажуваат дека колку е покачено нивото на CA19-9, толку повеќе е напреднат ракот. Но тестот не е секогаш сигурен и се уште не е јасно како најдобро да се користат резултатите од CA19-9 тестот. Некои лекари ги мерат фазите пред, за време и после третманот. Други го користат за да се измерат прогнозите.

Користејќи ги информациите од тестовите за стејџирање, лекарот го определува стадиумот на ракот на панкреасот:

– Стадиум I – ракот е ограничен на панкреасот.

– Стадиум II – ракот се шири надвор од панкреасот во близина на ткивата и органите и може да се шири во лимфните јазли.

– Стадиум III- ракот се шири надвор од панкреасот на големите крвни садови околу панкреасот и може да се шири во лимфните јазли.

– Стадиум IV – ракот се шири во далечните органи надвор од панкреасот, како што се црниот дроб, белите дробови и обвивката што ги опкружува стомачните органи (перитонеумот).