Вежба за  дишење:

  • Длабоко видешете на нос и полека испуштете го воздухот низ уста
  • При вдишување исфрлете го  стомакот  кон надвор,  при издишување  протиснете го  стомакот  со  раката  кон  внатре
  • Повторете ја вежбата  три  пати

Вежба  за  рамењата:

  • Испружете ги рацете покрај телото, истовремено подигнете ги  двете  рамења,  а потоа спуштете ги  полека
  • Наизменично подигајте ги и  спуштајте  ги  рамената
  • Вежбата повторете ја  пет пати

Кружење со рамењата

  • Рацете опуштете ги покрај  телото  и  кружете со  рамењата кон назад,  пет  пати
  • Кружете со рамењата  кон  напред, пет  пати

Вежби за  правилно  држење на  телото

  • Испружете ги рацете  покрај  телото и истовремено истегнувајте ги  рамењата кон назад, обидете се  што повеќе да ги  приближите кон  карлицата, задржете неколку секунди  и опуштете  се
  • Повторете ја вежбата пет пати

Вежби за  врат:

  • Ставете два  прста  на  брадата,  лесно притиснете ја  кон  назад, задржете неколку  секунди,  потоа опуштете се (,,затворете ја и отворете ја устата,,)
  • Повторете три пати

Истегнување  на страна:

  • Туркајте ја брадата со  прстите
  • Со другата рака во таа положба лесно истегнете ја главата на страна,  задржете  неколку  секунди  и  опуштете се
  • Повторете наизменично по три пати на  секоја  страна

Истегнување кон  напред:

  • Ставете ја затворена дланката  на градната  коска,  со другата  рака  истегнете ја  главата  кон напред,  задржете  неколку  секунди,  одморете се
  • Повторете три  пати
  • Повторете ја вежбата за  дишење

Вртење на  страна:

  • Свртете ја главата  на  страна, наведнете ја надолу (под  агол  од  45 степени)
  • Лесно потегнете ја  главата со раката,  задржете  неколку  секунди и опуштете се
  • Повторете наизменично на двете страни

Ширење на рацете:

  • Поставете ги рацете  во  висина  на  градниот кош, раширете  ги кон назад,  задржете ги  три  секунди
  • Вратете ги во  почетната  полошба подлактиците  да  преминуваат  една  над  друга
  • Повторете пет  пати

Вежба  за  јакнење на  мускулите  на  рамењата:

  • Испружете ја здравата  рака на  страна до  висина  на  рамото,  задржете  три  секунди,  потоа  спуштете ја
  • Повторете ја  вежбата  со  болната  рака
  • Повторете ја вежбата  пет  пати

Притисок на дланка  со  дланка:

  • Притиснете дланка со  дланка,  прст  со  прст  во  висина  на  градниот  кош,  задржете  пет секунди,  опуштете се и  спуштете ги  рацете
  • Повторете пет пати

Вежба за  јакнење  на  мускулите  на  рамењата и  градите:

  • Подигнете ги двете  раце  над  глава и  наизменично наведнувајте се  на  едната  потоа  на  другата  страна
  • Вежбата повторувајте ја  пет  пати  на  секоја  страна

Стискање на  дланката:

  • Стиснете ја а потоа отворете ја здравата  дланка  пет пати
  • Повторете го истото и со болната рака  пет  пати

Кружење  со  рачниот  зглоб:

  • Кружете со  рачниот  зглоб на  здравата  рака  пет  пати  на  една страна,  потоа  пет  пати на  другата страна
  • Повторете ја истата  вежба и со  болната  рака
  • Повторете ја вежбата со  дишење

Вежба  за  намалување  на  едемот и јакнење на  раката:

  • Свиткајте ги двете  раце  во  лактите под  прав  агол,  подигнете ги  до  висина  на  рамото и  истовремено  ракоплескајте  три  до  пет  пати
  • Повторете ја  вежбата  пет  пати после направен  краток  одмор

Ротација  на  раката:

  • Испружете ја  здравата  рака  пред  себе,  завртете  ја  дланката нагоре,  потоа  надолу и повторувајте ја  секоја  положба пет  пати
  • Повторете ја  вежбата  и со  болната  рака

Свиткување  и  испружување на  подлактицата:

  • Свиткајте ги подлактиците кон себе,  потоа испружете ги (дланките да ви бидат  свртени  кон  лицето)
  • Повторете пет  пати

Подигање на  раката:

  • Подигнете ја раката  и фатете го  замислениот  предмет,  потоа  спуштете  ја  раката
  • Повторувајте наизменично  со  секоја  рака  по  пет  пати

Кружење со  двете  дланки:

  • преплетете ги прстите  на  двете  раце  и  кружете  полека  со  двете  длаки  по  пет  пати  во  еден,  потоа  пет  пати во  друг правец
  • Повторете ја вежбата со дишење

Свиткување  на  раката  против  отпор:

  • Свиткајте ја здравата  подлактица, а со  болната  рака  пружајте  отпор,  задржете неколку  секунди,  потоа  опуштете се,  повторете  пет  пати
  • Свиткајте ја  болната  подлактица а со  здравата  рака  пружајте  отпор  на  ист  начин

Потиснување  со  прстите  на страна:

  • Допрете ги дланка со дланка, прст со  прст, потиснете го секој пар на  прсти  во  една страна, потоа на другата страна
  • Повторете ја  постапката  со  сите прсти по  ред,  три  пати

Оддалечување  на  прстите:

  • Составете ги дланка со дланка, прст со  прст,  отварајте го  секој пар  прсти  да  се  оддалечат што  повеќе потоа  вратете ги
  • Повторувајте  го тоа со  сите  прсти  по  ред  три  пати