Поимот грло претставува еден поширок поим на долниот дишен пат кој го сочинува фаринксот и ларинксот. Во самиот ларинкс се сместени и самите гласилки, кои под влијание на воздушната струја која излегува до белодробието, вибрираат и доведуваат до создавање на гласот. На тој начин се создава гласот во самото ждрело, во устата и во носот, каде се обликува (артикулацијата и резонанцијата) самиот глас што севкупно доаѓа до создавање на својствен, конечен и препознатлив говор.

Ракот на грлото (carcinoma larynx) е малиген тумор кој настанува кога во ткивото на грлото ќе се појават и ќе почнат да се развиваат малигните туморски клетки и истите ќе започнат со своето пенетрирање и ширење во околното здраво ткиво, со истовремено разорување на истото.

Кој се основните причинители за појавата на карцином на ларинкс?

  1. Пушењето
  2. Алкохолот (особено комбинацијата на овие два ризика)
  3. Неправилна исхрана (намален внес на соодветно хранливи состојки како протеини, витамини, минерали)
  4. Намален имунитет на организмот
  5. Професионална предизпозиција (изложеност на одредени хемикалии како бои, лакови, прашина, чад и друго)
  6. Гастроезофагијален рефлукс

Колку често се јавува карцином на грло и кај кого?

Од карцином на грло скоро два пати почесто заболуваат мажите во однос на жените. Најчесто се пациенти кои се во средна и старечка возраст (помеѓу 50 и 70 години). Иако во последниве години забележан е значителен раст на појавата на карцином на грло кај помладата популација и се почеста e појава на карциномот и кај жените.

Д-р. Игор Ценевски