Потенцијални преканцерозни лезии
Цервикална интраепителна неоплазија, потенцијалот прекурзор на рак на матката, често се дијагностицира со преглед на биопсии на грлото на матката од страна на патолог. За премалигни диспластични промени се употребува CIN (цервикална интраепителна неоплазија) градација.

Терминот цервикална интраепителна неоплазија (CIN) беше развиен за да се стави акцент на спектарот на абнормалности во овие лезии и да се  помогне за стандардизација на третманот. Тој ја класифицира лесната дисплазија како CIN1, умерена дисплазија како CIN2 и тешка дисплазија и CIS како CIN3. Во поново време, CIN2 и CIN3 се комбинираат во CIN2 / 3.

Подтипови на рак
Иако сквамозниот карцином на грлото на матката е со најголема честота, инциденцата на аденокарциномот на грлото на матката се зголемува во последниве децении.

Хистолошките  подтипови на инвазивниот цервикален карцином ги вклучуваат:
• сквамозно-клеточен карцином (околу 80-85%)
• аденокарцином (околу 15% )
• аденосквамозен  карцином
• ситноклеточен карцином
• неуроендокрин карцином

Вакцинирање
Silgard, е вакцината против ХПВ типовите 6, 11, 16 и 18. Silgard е до 98% ефикасна. Таа доби одобрение од FDA (Американската администрација за храна и лекови) на 8 јуни 2006 година . Silgard исто така, е одобрен во ЕУ.

Заедно, ХПВ типовите 16 и 18 во моментов се причина за околу 70% од случаите рак на матката.
Националниот Советодавен Комитет за имунизација препорачува рутинска вакцинација за девојките на возраст од 11 и 12 години, како и девојки и жени на возраст 13-26, доколку тие не ја примиле  веќе вакцината . Вакцината е најефикасна ако им се даде на девојчињата пред да станат сексуално активни.

Иако, со  вакцината може да се спречат и до 70 % од случаите на рак на матката, таа не може да ја спречи инфекција со секој вирус кој го предизвикува ракот на матката. Рутинските ПАП  тестови за скрининг на рак на грлото на матката се од витално значење за откривање на овој карцином.