Почитувани,
На Филозофскиот факултет, на институтот за Психологија, студентка изработува дипломска работа во која истражува како се чувствуваат и како размислуваат жените оперирани од рак на дојка со мастектомија. Со дипломската работа сака да придонесе, како иден психолог, во третманот на најчестото малигно заболување кај жените – рак на дојка.
Добивањето дијагноза рак на дојка може да биде една од најтешките работи што ги доживуваат жените. Често, по добивање на дијагнозата, потребно е да биде извршена мастектомија. Емоционалните доживувања што се јавуваат во тој момент, а и подоцна, откако мастектомијата е извршена, можат да влијаат врз здравјето на жените како и врз нивната психолошка состојба.
Целта на ова истражување е да се истакне потребата на поддршка од страна на психолог на жените кои имаат мастектомија. Лиценцираните психолози со искуство во третманот на рак на дојка може многу да помогнат. Нивната примарна цел е да им помогнат на жените да научат како да се справат со физичките, емоционалните и животните промени поврзани со ракот, како и со медицинските третмани кои можат да бидат болни и трауматични.
За таа цел, потребно е да се пополни прашалникот кој е во прилог. Ве замолуваме, доколку можете, да одвоите кратко време за да го одговорите прашалникот. При одговарање на прашалникот ве замолуваме да бидете отворени и искрени бидејќи е загарантирана анонимност.
Прашалникот е наменет САМО за оние кои имаат мастектомија.
Ви благодариме.
Кликнете подолу на овој линк и ќе можете да дојдете до прашалникот и да ги дадете вашите одговори:
Прашалник за жените оперирани од рак на дојка со мастектомија
2 коментари
Operirana na leva dojka…prvicno kvadrant pa posle 5 i pol godini celosno otstanuvanje na istata. Vo faza na razmisluvanje dali da ja otstranam i ostanatata koja zasega e zdrava
Ружа Стојмипва- оперирана лева дојка пред 20 год, целосно задоволна од себе , својот изглед и од прифатеност од околината.Се чувствувам како најстара Борка која може во секој момет да даде поддршка на оние кои се во фаза на борба со болеста.Пишувам поезија и целосно сум исполнетеа. И по ракот има ЖИВОТ!