Претпоставуваме дека станува збор за  HER2 позитивен карцином и дека препорачаниот лек е Трастузумаб. Несаканите ефекти на овој лек се поретки од несаканите ефекти од хемотерапијата. Трастузумаб може да предизвика повеќе реакции и тоа, треска, температура, евентуално чешање, осип, потешко дишење и главоболки до бранови на топлина и слабост. Треска, исип, гадење и повраќање обично се резултат на самата инфузија и се јавуваат главно за време на првите неколку инфузии, по што тие се поретки.

Трастузумаб може да му наштети на срцето и да доведе до срцева слабост. Посебна грижа е потребна ако лекот е даден на пациенти кои веќе имаат проблеми со срцето. Кај сите пациенти, вклучувајќи ги и оние чие срце е здраво, за време на третманот со Трастузумаб треба редовно да ја проверуваат срцевата функција. Трастузумаб не треба да се дава на пациенти кои се преосетливи на било кој дел од овој лек. Не треба да се дава на пациенти кои заради карциномот страдаат од тешки респираторни проблеми во мирување или кај пациенти на кои им е потребна терапија со кислород.

Кај пациентот може да се појави еден или повеќе од овие ефекти, но обично сите не се појавуваат кај истиот пациент. Кој  добро ја поднесува терапијата  и несаканите ефекти незначително го нарушуваат нивниот квалитет на живот, за време на третманот со Трастузумаб може да се вратат на своето работно место. Сепак, многу е важно да ја процените  вашата состојба и капацитетите во однос на физичката, психолошката и социјалната компонента на работата.

Жените кои условено кажано, спрема своја проценка работат полесни  работи, на кои им недостасува  работата, на кои престојот на работното место им дава поттик, чии претпоставени имаат разбирање за повремени отсуства, кои не се многу изложени на стрес или кои имаат одлични механизми за справување со стрес, кај кои несаканите ефекти не се многу изразени – може да работат и да примаат терапија. Во повеќето случаи, особено ако дозволуваат околностите, ги советуваме пациентите да останат на боледување  и да се посветат на сопственото закрепнување и рехабилитација.