Високите вредности на тестостерон

Засега со сигурност се знае дека постои зависност помеѓу карциномот на простатата и тестостеронот. Ова го потврдува фактот дека кастрираните мажи не заболуваат од карцином на простатата.

Тестостеронот го стимулира растот на нормалната простатата, но исто така влијае и на растот на карциномот на простатата.

Лицата кои имаат високи вредности на тестостерон во крвта, како и лица кои се на терапија со тестостерон имаат поголем ризик да заболат од карцином на простатата од оние со помало ниво на тестостерон.

Долготрајна терапија со тестостеронот исто така може да предизвика зголемување на простатата, состојба позната како бенигна простатична хиперплазија.

Кај пациенти со веќе присутен карцином на простатата, тестостеронот може да го забрза растот на простатичните карциномски клетки и да ја стимулира болеста. Превенција и скрининг на рак на простата.

Превенција

Како превенција за карциномот на простатата, сепак, се препорачува правилна исхрана, со внесување на повеќе овошје и зеленчук во исхраната, а помалку масти од животинско потекло (црвено месо).

Скрининг

Целта на скринингот е откривање на карциномот на простатата во раните стадиуми на болеста, пред појавувањето на симптомите. Раниот карцином на простатата често може да не даде никакви симптоми и да се открие во тек на рутинскиот скрининг тест.

Се препорачува скрининг еднаш годишно почнувајќи од 50-годишна возраст, па дури и порано доколку постои висок ризик за развој на карцином (на пример: позитивна фамилијарна анамнеза, црна раса, зголемена простата).

Скринингот за карциномот на простатата се изведува брзо и лесно и тоа со анален преглед (дигитален ректален преглед) и со испитување на нивото на простата – специфичниот антиген (ПСА) и простатична кисела фосфатаза (ПАП) во крвта.

Испитување на ПАП и ПСА во крвта и во урината

Од лабораториските испитувања значајни за дијагноза на карциномот на простатата се: испитување на нивото на простатичната кисела фосфатаза (ПАП) и на простата – специфичниот антиген (ПСА) во крвта.

ПСА е откриен во 1971 година, а изолиран во 1979 година. ПСА протеинот го создаваат како нормалните, така и карциномските клетки на простатата. Карциномските клетки создаваат многу повеќе ПСА протеин од нормалните.

Високите вредности на ПСА во крвта може да бидат знак за карцином.

ПСА е протеин кој го има нормално во крвта кај здравите мажи. Не постои едно нормално ниво на ПСА. Тоа значи дека вредностите на ПСА може да варираат од маж до маж и нормалното ниво се покачува со возраста. Но, сепак, следниве вредности се груби показатели на нормалните вредности на ПСА.

Kолку се повисоки вредностите на ПСА толку е поголема веројатноста за постоење на карцином.