Причини
Хуман папилома вирусот (ХПВ) инфекцијата со високо-ризичните  типови  се покажа дека е главен фактор во развојот на рак на грлото на матката. ХПВ ДНК може да се открие во речиси сите случаи на рак на матката.

ХПВ инфекциите се многу чести и се јавуваат кај околу 80 % од сите сексуално активни луѓе, без разлика дали тие имаат симптоми или не. Најважниот фактор на ризик за развој на рак на грлото на  матката е инфекцијата со високо ризичен вирус на Хуман папилома вирусот (ХПВ). Линкот меѓу ракот и ХПВ е предизвикување на  промени во клетките на грлото на матката, кои можат да доведат до развој на цервикална интраепителна неоплазма, која може да доведе до рак.

Жените кои имаат повеќе сексуални партнери (или имаат секс со мажи, кои имале многу други партнери) имаат поголем ризик. Постојат повеќе од 150 типови на ХПВ (некои извори укажуваат на повеќе од 200 подтипови). Од нив, 15 се категоризирани како високо-ризични типови, 3 како веројатно високо-ризични и 12 како ниско ризични.  Видовите  16 и 18 се општо признати дека  предизвикуваат  околу 70% од случаите рак на грлото на матката. Заедно со типот 31, тие се основен ризик фактор за развој на рак на матката.

Ризик фактори
Американското здружение за рак ја нуди следнава листа на ризик  фактори за цервикален карцином: Хуман папилома вирус (ХПВ) инфекција, пушење, инфекцијата со ХИВ, инфекција со хламидија , стрес, начин на исхрана, хормонални контрацептивни средства, повеќекратни бремености, изложеност на хормоналниот препарат диетилстилбестрол (DES) како и фамилијарна историја на рак на грлото на матката. Постои и генетски ризик поврзан со HLA-B7.

Дијагноза
Додека ПАП – тестот е ефикасен скрининг тест, потврдата на дијагнозата на рак на матката или преканцерозна состојба бара  биопсија на грлото на матката. Ова често се прави  преку колпоскопија, зголемена визуелна инспекција на грлото на матката со помош на раствор на разредена оцетна киселина кој ги потенцира абнормалните клетки на површината на грлото на матката.  Колпоскопскиот метод, утврден врз основа на визуелната инспекција, претставува дел од дијагнозата.

Понатамошните дијагностички и терапевтски процедури се кружна електрична ексцизија (LEEP) и конизација , при што внатрешниот слој на грлото на матката  се отстранува  за да се испита патолошки. Тоа се врши доколку  биопсијата потврдува напредната цервикална интраепителна неоплазија.