Дали знаете кои се причините и симптомите за добивање рак на бубрег?

Причините за појава на рак на бубрезите се непознати, но постојат многу фактори на ризик поврзани со рак на бубрезите. Фактори на ризик, наведени од најчести до најретки вклучуваат:

  • болеста на von Hippel-Lindau
  • хронична дијализа
  • дебелина
  • пушење цигари
  • роднина од прв степен со рак на бубрезите
  • хипертензија
  • работници во хемиско чистење
  • диуретици (не-хипертензивна употреба)
  • изложеност нa trichloroethylene
  • голема употреба на phenacetin
  • полицистични бубрежни заболувања
  • изложеност на кадмиум
  • изложеност на арсен
  • азбестоза

Најчестиот симптом на рак на бубрезите е крв во урината (хематурија). Други симптоми вклучуваат болно мокрење, болка во долниот дел на грбот или од страните, абдоминална болка, грутка или тешка маса која може да се почувствува во пределот на бубрезите, необјаснето губење на тежината, треска, слабост, замор и висок крвен притисок.

Демографија

Инциденцата на ракот на бубрезите изнесува околу 4% од сите случаи на рак. Во САД, ракот на бубрезите е деветтиот најчест рак и инциденцата е зголемена за 43% од 1973 година, стапката на смртност е зголемена за 16%. Постојат околу 20.000 нови случаи на рак на бубрезите секоја година. Постојат околу 72.000 смртни случаи годишно во светот поради рак на бубрезите. Во Република Северна Македонија ракот на бубрегот се наоѓа на единаесетто место по честота, со 91 новооткриен случај на 100.000 население и смртност од 41 случаи на 100.000 население (според GLOBOCAN 2008). Ракот од бубрежните клетки претставува 90-95% од сите малигни неоплазми кои потекнуваат од бубрезите.Тој се јавува најчесто кај мажи на возраст од над 40 години. Средна возраст на дијагностицирање е 65 години. Мажите имаат два пати поголеми шанси од жените да добијат рак на бубрег.