Прогноза

Бидејќи рак на бубрезите често се открива рано, а понекогаш и напредува бавно, шансите за хируршко излекување се добри. Исто така е еден од ретките случаи на рак за кој постојат добро документирани случаи на спонтана ремисија без терапија.

Клинички испитувања

Постојат многу клинички испитувања за проучување на нови видови на терапија со зрачење и хемотерапија, нови лекови и комбинации на лекови, биолошка терапија, начин на комбинирање на различни видови на третман за рак на бубрезите, пропратни ефекти, намалување и подобрување на квалитетот на животот.

Имуностимулаторните агенси и техниките на генска терапија кои ги менуваат туморските клетки, соединенијата за антиангиогенеза, циклин-зависни киназа инхибитори и диференцирачки агенси се тестираат како можни терапии.

Превенција

Точната причина за рак на бубрезите не е позната, па поради тоа не е можно да се спречат сите случаи. Сепак, бидејќи постои силна поврзаност помеѓу ракот на бубрезите и тутунот, избегнување на тутунот е најдобар начин да се намали ризикот од развој на овој рак. Користење на заштита при работа со канцерогени агенси како што се азбест и кадмиум и јадење добро балансирана исхрана, исто така, може да помогне во спречување на ракот на бубрезите.