ESGO и ENGAGe го промовираат првиот светски ден за подигнување на свеста за гинеколошка онкологија World GO Day на 20.09.2019 година.

ESGO-ENGAGe ги повикуваат жените во повеќе од 20 земји да преземат акција сега за да влијаат врз иднината – свет без гинеколошки карциноми.

Европското здружение за гинеколошка онкологија (ESGO) и Европската мрежа на групи за застапување на гинеколошки карцином (ENGAGe) ќе го започнат денес, првиот светски ден на гинеколошка онкологија.

Годинашната иницијатива има за цел да ја подигне свеста и да ги потенцира факторите на ризик, симптомите,  раното откривање и стратегиите за превенција поврзани со главните видови на гинеколошки карциноми кои влијаат на жените, цервикални, на јајниците, на матката, вагиналните и на вулварот.

Од гинеколошки карциноми заболуваат приближно 98 илјади жени годишно во Соединетите Држави, 58 илјади жени се дијагностицираат со карцином на грлото на матката секоја година во Европа, но општата свесност и нивото на свеста се сè уште значително ниски.

Светскиот GO ден има за цел да ги охрабри жените да ги дознаат фактите, да ги препознаат знаците и да преземат акција со меѓународната кампања “GO for awareness, Action, Hope, Life“.

„Се надеваме дека, во соработка со другите засегнати страни и тесно соработувајќи со групите за застапување и креаторите на политики, можеме да ја подигнеме свеста и подобро да ги поддржуваме напорите за промовирање на превенција и рано откривање на гинеколошки карциноми. Светскиот GO ден е заеднички глобален напор за подобрување на стапката на преживување и квалитетот на животот на жените низ целиот свет “, вели Денис Кверли, претседател на ESGO.

Активности на светскиот GO ден за подигнување на свеста 

За да се одбележи започнувањето на Светскиот GO ден на свесноста, на 20 септември ќе се организираат национални активности поврзани со спортот во повеќе од 20 земји со слоганот „Игра против ракот“, како и меѓународна кампања за дигиталните и социјалните медиуми за да ги придвижат жените да се вклучат  и да ги споделат информациите за гинеколошки карциноми.

Есра Уркмез, копретседател на ENGAGe, вели „Ние веруваме дека иницијативата на Светскиот ден на гинеколошка онкологија на 20 септември ќе ги охрабри жените да преземат акција, да ги зајакнат локалните активности и да ја зголемат свеста кај жените за превенција, дијагностицирање и најдобри опции за лекување. ENGAGe ги повикува жените да дејствуваат сега за поздравживот“.

„Над 50 групи за застапување на карцином во повеќе од 20 земји, фармацевтски компании од и меѓународни организации за рак ги здружија силите со иницијативата „Светски GO ден“ за подигање на свеста на овој ден. Заедно можеме да ја обликуваме иднината со „Свесност, акција, надеж и живот – свет без гинеколошки карциноми “ – Вели Мурат Гултекин, копретседател на ENGAGe.
Покрај тоа, ќе бидат споделени слики и пораки преку Интернет користејќи го хаштагот #WorldGODay, за да се создаде глобален разговор за Гинеколошки канцери, како и на официјалната веб-страница на Светскиот GO ден, на www.worldgoday.org.

За гинеколошките карциноми

На над 1,3 милиони жени ширум светот им бил дијагностициран гинеколошки карцином во 2018 година: приближно 44% со карцином на грлото на матката, 23% нови случаи на карцином на јајниците, 29% со ендометријален карцином и помалку од 5% биле дијагностицирани со други гинеколошки карциноми, т.е. карцином на вулвар и вагина. Европа учествувала со 21% од новите случаи во 2018 година. 468.000 жени ширум светот починале од гинеколошки карциноми во 2018 година. Ракот на грлото на матката учествувал со 67% од овие случаи на рак, приближно 311.000 жени го загубиле животот во 2018 година.

Гинеколошките карциноми може да се спречат

Редовниот скрининг и прегледи, како и изборот на начин на живот, може да ја зголемат шансата за превенција или дури и рано дијагностицирање на гинеколошките карциноми, кога третманот може да биде поефикасен, а можно е и целосно излекување.

Иако карциномот на грлото на матката може да се спречи и може да се излечи доколку се дијагностицира во рана фаза со ХПВ тестирање и редовно Пап скринирање, 7 од 10 жени избегнуваат да бидат испитани со загриженост за можноста дека тие можат да го имаат вирусот ХПВ. Јајниците, матката, грлото на матката и другите гинеколошки карциноми се меѓу најчестите карциноми кои ги погодуваат жените, но општата јавна свест за овие карциноми е сè уште значително мала.

Клучни факти и бројки за карцином на грлото на матката 

Меѓу карциномите кои влијаат на жените, карциномот на грлото на матката е на четвртото место после ракот на дојка.

Тоа е заболување кое може да се спречи, но во 2018 година имало 570.000 ново дијагностицирани случаи и 311.000 смртни случаи низ целиот свет.

Во Европската Унија, секој час, две жени го губат животот како резултат на карцином на грлото на матката.

Вакцините против човечки папиломавирус (ХПВ), кој е примарен предизвикувачки агенс на карцином на грлото на матката, се ефикасни против 70% – 80% од сите  онкогени видови на ХПВ и имаат огромно потенцијално влијание за новите генерации.

Стапките на користење на методите за скрининг на карцином на грлото на матката за да се намали нејзината зачестеност остануваат упорно под 80% дури и во развиените земји. ESGO и ENGAGe веруваат дека зголемувањето на јавната свест за превенција од гинеколошки карциноми на крајот ќе направи разлика во стапките на преживување на ракот.