Ракот  на  бубрезите најчесто  се  развива  кај  личности  постари  од  40 години,  почесто  кај  мажите  отколку  кај  жените.

За  создавање  на  рак  на  бубрезите големо  влијание  има  пушењето,  камења  во  бубрезите,  хронични  воспаленија  и изложеност  на  одредени  хемиски  сустанци. Заради  се  поголемата  употреба  на  улгразвукот,  се  повеќе  се  открива  како  случаен  наод  при  преглед  на  абдоменот. Кај  туморите  кои  не  се  проширени на  околните  ткива,  хируршкото  отстранување   дава шанса  за  излекување.  Постоперативната  примена  на  имунотерапијата  и  во  последно  време  целните  биолошки  лекови  даваат  позитивни  придвижувања  во  преживувањето кај  болните  кај  кои  не  е можна  радикална  операција  заради  проширеноста на  болеста.

Рак на бубрезите е болест, при која клетките во одредени ткива на бубрегот почнуваат да растат неконтролирано и да формираат тумори. Бубрежниот карцином, кој понекогаш се нарекува хипернефрома, се јавува во клетките кои ги обложуваат бубрезите (епителните клетки). Тоа е најчест тип на рак на бубрезите. 85% од сите бубрежни тумори се карциноми на бубрежните клетки. Вилмсовиот тумор е брзо растечки рак на бубрегот најчесто забележан кај децата под возраст од четири години.

Бубрежниот карцином, генерално се развива во слузницата на тубулите кои ја филтрираат и чистат крвта. Рак кој се развива во централниот дел од бубрезите (каде што се собира урината и празни во уретерите) е познат и како преоден карцином на бубрежната карлица. Ракот на преодните клетки е сличен на ракот на мочниот меур. Вилмсовиот тумор е најчест тип на рак на бубрезите во детството и се разликува од ракот на бубрезите кај возрасните.

Главната улога на бубрегот е филтрирање на крвта, со што се елиминираат штетните метаболни производи, токсини, лекови, вишок на сол и течности од телото. Крвта за филтрација во бубрегот ја носи бубрежната артерија, додека прочистената крв од бубрезите ги ја носат бубрежните вени.