Што е рак на дојка

Ракот на дојка претставува абнормален раст и неконтролирана делба на клетките во дојките. Овие малигни клетки на ракот формираат маси (тумори), кои ги напаѓаат и уништуваат околните здрави ткива. Клетките на ракот кои се двојат од туморот имаат способност да се шират преку циркулацијата и лимфниот систем од градите до далечните делови на телото, да напаѓаат други ткива и да формираат нови тумори. Овој процес се нарекува метастазирање.

Причини и симптоми

Се смета дека сите ракови се јавуваат поради мали промени (мутации) во гените. Мутации кои предизвикуваат рак на дојка немаат една единствена причина. Генетски и еколошки фактори, како и начинот на живот играат улога во добивањето на рак на дојка.

Ризик фактори :

–  80% од ракот на дојката се наоѓа кај жени над 50 годишна возраст.

– фамилијарна историја на рак на дојка кај мајка или сестра.

– поседување на BRCA1 и BRCA2 гени. Жените со овие гени опфаќаат 5 до 10% од случаите на рак на дојката и имаат 80% шанси за развој на рак на дојка во некој период од животот.

– историја на абнормални биопсии на дојките од претходна историја на рак на дојка.

– добивање прва циклус пред 12 години или навлегување во менопауза по 55 години.

– немање деца или добивање на првото дете по 30 годишна возраст.

– секојдневно консумирање два или повеќе алкохолни пијалаци.

– дебелина и високомасна исхрана.

– изложеност на дојките на радијација (на пример, во третман на други типови на рак).

– постменопаузална хормонска заместителна терапија (HRT) со комбинација на естроген / прогестерон лекови. Естрогенот сам по себе не го зголемува ризикот. Колку подолго жената користи HRT, толку повеќе го зголемува ризикот.

Покрај тоа, некои други аспекти од исхраната и начинот на живот во западните земји можат да бидат одговорни за повисоки стапки на рак на дојка во овие општества. На пример, ароматичните јаглеводороди во тутунот и некои јаглеводороди во многу готвеното месо може да делуваат како канцерогени. Нитратите кои се користат при конзервација на месо исто така се мисли дека се канцерогени. Доењето најмалку една година го намалува ризикот. Оваа активност што ја прават само мал процент од жените во индустријализираните земји, се чини дека има заштитен ефект против ракот на дојката. Иако многу фактори можат да го зголемат ризикот од развој на рак на дојка, некои жени со повеќе фактори на ризик не развиваат болест, а околу 70% од жените кои добиле рак на дојка не покажуваат фактори на ризик.

Сепак, доењето, повеќе од една година, со умерено вежбање, како што се одење десет часа неделно, диета со малку заситени (животински) масти и многу овошје, зеленчук и цели зрна се покажа во неколку студии дека го намалува ризикот од развој на рак на дојка.