Панкреасот е долг околу 15 сантиметри и изгледа како круша која лежи на страна. Панкреасот е многу важен дел од нашиот дигестивен систем. Тој лачи хормони, вклучувајќи го и инсулинот, кој му помага на нашето тело да го процесираме шеќерот. Тој произведува дигестивни сокови, кои му помагаат на нашето тело да ја вари храната.

Ракот на панкреасот започнува во ткивото на панкреасот и често има лоша прогноза, дури и кога се дијагностицира рано. Ракот на панкреасот обично се шири брзо и ретко се открива во раните фази, што е главната причина тој да е водечка причина за смрт од рак. Знаците и симптомите не може да се појават се додека ракот не е доста напреднат и хируршкото отстранување не е возможно.

Ракот на панкреасот се јавува кога клетките во панкреасот развиваат генетски мутации. Овие мутации предизвикуваат клетките да растат неконтролирано и да продолжат да живеат откако нормалните клетки ќе умрат. Овие клетки можат да се акумулираат во форма на тумор.

Видови на рак на панкреасот

Видовите на клетките кои се вклучени во ракот на панкреасот помагаат при одредување на најдобриот третман. Видови на рак на панкреасот се:

– рак кој се формира во каналите на панкреасот (аденокарцином). Клетки кои ги обложуваат каналите на панкреасот ги произведуваат дигестивните сокови. Повеќето видови на рак на панкреасот се аденокарциноми. Понекогаш овие видови на рак се нарекуваат егзокрини тумори.

– рак кој се формира во клетките за производство на хормони се нарекува ендокрин рак. Ендокрин рак на панкреасот се среќава многу ретко.